ВО ФОКУС – Македонија се истрча – без датум половина Преспански договор не треба да важи

Северни“ монети и банкноти, „Сверни“ униформи, „Северни“ институции, „Северни“ свидетелства, дипломи, изводи и други документи. Македонија се истрча и спроведе речиси се и тоа пред време иако Преспанскиот Договор предвидува преоден период за внатрешна употреба на новото уставно име.

Издавањето на ваквите документи и материјали… ќе започне при отворањето на секое поглавје на релевантното поле во преговорите со Европската Унија и ќе биде финализирано во рок од пет години оттогаш“ стои во Член 1 Став 10 од Преспанскиот Договор.

Ова буквално значи дека свидетелствата и дипломите требаше да станат „северни“ најдоцна 5 години по отворањето на поглавјето 26 кое се однесува на образованието и културата но тие се веќе сменети.

Над 130 институции добија налог да станат национални или северни наместо македонски иако и тие имаа простор да се преименуваат подоцна, барем за внатрешна употреба.

Повеќе нема Македонска опера, Македонска филхармонија, нема ни Македонска пошта, па дури ни Македонски електропреносен систем оператор.

Меѓу ретките кои се уште го користат старото име е Македонската Радио Телевизија, иако во сите соопштенија и излагања на владините претставници тие ја нарекуваат Национална Радио Телевизија или НТВ.

„Дали сте за членство во ЕУ и НАТО преку поддршка на договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“. Вака гласеше референдумското прашање, но засега нема ништо ниту од ЕУ, но ни од Република Македонија.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста