„Во Фокус“: Македонија без национален консензус влезе во „дил“ со Бугарија

Македонија никогаш не изгради заеднички став во однос на Бугарија. Политичките аналитичари децедни дека власта одлучува сама по прашања за кои треба да има национален консензус. Кога удира во ѕид, бара вклучување на опозицијата, истите тие кои ги игнорира кога преговора и договара со соседите и меѓународната заедница. Францускиот предлог беше идеален за создавање национален консензус, како таков дури беше и најавен со широки консулатации кои пропаднаа за три дена и ги прифати условувањата вели политичкиот аналитичар Кржаловски.

  • Претседателот Пендаровски во Мадрид изјави имаме нов предлог, не е нов, малку модуфициран од стариот, дали е доволно добар ќе отвориме широка расправа и ќе треба да решиме. Владата се надоврза на тоа отворање на широки консултации, кои за жал после три дена ги затвори консулатациите односно се определи за прифаќање на предлогот. Потоа беа убедувања сите други да го прифатат, не се гради така ниту единство ниту консензус и затоа сега сме во оваа каша во која сме доведени“ изјави Александар Кржаловски во емисијата „За или против“ на Алфа ТВ.

Неединството во прифаќањето на Францускиот предлог, однос игнорирањето на предлозите од опозицијата доведоа и до неединство за внесувањето на Бугарите во Уставот.

  • Сега повторно ќе се бидејќи сега убедувањата се ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставните измени, а ниту го прашале на времето да го прифати предлогот и наместо да биде реална расправата што беше во јули за прифаќање на предлогот, се заврши пак со надгласување со потребното просто мнозинство наместо да се изгради национален консензус“ рече Кржаловски во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

Наспроти Македонија, Бугарските политичари секогаш беа единствени дека без исполнување на условите Скопје нема ниту педа да мрдне кон Брисел. И покрај несогласувањата во бугарското национално собрание, сите гласаа ЗА поставување црвени линии за македонските прашања и не ги пречекорија.

  • Во Бугарија сите гласаа „ЗА“ тој предлог, само 4 беа против, колку и да им се допаѓало или не. И очигледно ги постигнаа своите цели и стратегии и нивните црвени линии и сите го прифатија. И после декларацијата пред да се укине Собранието, беше за Македонија само еден глас воздржан и против.  Така се гради национален консензус и сите знаат што треба  во однос на макеоднија ние не знаеме што треба да браниме во однос на Бугарија и нормално ќе губиме постојано. И гледаат и Европјаните дека таму има ѕид и послабиот секогаш попушта“ потенцира Кржаловски.
  • „Бугарите во овој момент настапуваат со две опции: правата на Бугарите и влез на Бугарите во Преамбулата. Тие играат со медиумите, создаваат провокација, каде што нашите граѓани и новинари реагираат и тие ја постигнуваат целта “ вели новинарот Љубиша Николовски.

Дека македонската влада сама преговара за националните прашања и не се консултира дури ниту со граѓаните доказ беа масовните протести против францускиот предлог. Мнозинството македонски граѓани не се служуваат ниту со слувувањата кои ги доби Македонија на патот на ЕУ односно внесувањето на Бугарите во Уставот, па затоа не мал дел го променија мислењето и преминаа на странатsа на евроскептици.

Викторија Миткова  

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста