„Во фокус“: За само пет години, СДСМ и ДУИ не доведоа до ниво да се секираме дали ќе има храна и струја

Храна, струја и греење ќе има за сите, граѓаните да не се грижат. Ваква порака упатува премиерот пред почетокот на зимата. Првиот човек на Владата се фали дека нема да останеме гладни и нема да измрзнеме и вели дека тоа било резултат на напорната работа на неговиот тим.

„Јас верувам дека ова криза ќе нѐ направи посилни, пообединети, вредни, рационални, а Владата ќе продолжи да работи одговорно и домаќински“ со гордост вели премиерот.

Но, како Македонија за само пет години стигна до овде? Од водечка економија на Западниот Балкан до економија на работ на рецесија со огромна инфлација во која голем дел од граѓаните не знаат како да го закрпат денот, а не пак месецот?

Синдикатите останаа изневерени – зголемената минимална плата веќе ја изеде инфлацијата. Само во последнава година трошоците на живот се зголемија за фантастични 18.7%.

„На Владата и е инфлацијата повеќе од 18%, што да кажеме ние работниците, синдикалната борба продолжува“, вели за Алфа претседателот на ССМ, Дарко Димовски.

„Владата не си ги исполни своите законски обврски, како што е членот 8, односно во законот за минимална плата“ вели за Алфа претседателот на КСС, Благоја Ралповски.

„Нема синдикат кој може да ја пофали Владата“, вели претседател на КСОМ, Марјан Ристески.

И земјоделците се крајно разочарани. Ситуацијата како да кулминираше оваа сезона – пиперките во Струмица завршија на буниште, оризопроизводителите се на улица, одлегувачите на свињи исто така, а пред колапс е и кравараството

„Во овие пет години сами се свесни самите граѓани и земјоделците дека земјоделството нема никаква полза од министерот“ вели Тони Ангелески Земјоделец и претседател на ТЗ Жолто тутунско злато.

„Ветуваа дека ќе се зголемуваат субвенциите, напротив намалени се субвенциите“ вели Здравко Арсов ИО за спас на оризопроизводство.

Најтешко веројатно е за највозрасните граѓани. Просечната пензија за прв пат во историјата е помала од минималната плата.

„Имаме 330 илјади пензионери, од кои 230 илјади имаат пензија помала од 18 илјади денари. Со 18000 денари знаете дека со овакви животни трошоци тешко може да опстанат“ вели Драги Аргировски, поранешен претседател на Сојузот на пензионери.

Во последниве пет години не е започнат ниту еден капитален проект, автопатот Кичево – Охрид останува заглавен, а едвај успеаја да се завршат делниците Скопје – Штип и Демир Капија – Смоквица кои беа почнати од претходната власта, но затоа актуелната не штедеше на забава за нивнот отворање.

Се штеди на се, освен на владините набавки. Пред да дојдат на власт ветуваа крај на лукзирањата, но сега купуваат скапи автомобили, бифтеци и октоподи, златни чинии и кожни гарнитури…

-Бројот на возила што ги поседува државната и јавната администрација ќе го намалиме за најмалку 50%, пишуваше во програмта на СДСМ план за живот.

-Бројот на возила што ги поседува државната и јавната администрација ќе го намалиме за најмалку 50%, пишуваше во програмта на СДСМ план за живот.

За економскиот епилог од владеењето на оската СДСМ – ДУИ веројатно доволен е само податокот за јавниот долг – за пет години јавниот долг е зголемен од 4.7 на 7.2 милијарди евра. Останува прашањето каде и како завршија овие 2.5 милијарди евра кои треба да ги враќаат и идните генерации? Кои проекти се започнати и уште поважно кои проекти се завршени?

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста