„Во Фокус“: Екологијата на последно место на приоритеи на Владата, СДСМ – ДУИ пет години со празни ветувања

Пред да дојдат на власт организираа паркобрани, гушкаа дрвја, критикуваа дека Скопје, но и Македонија се презагадени, фабриките немале заштитни филтри, а откако СДСМ и ДУИ седнаа во удобните фотељи, заборавија на се, но не заборавија да ја укинат акцијата „Ден на дрво“, на што еколозите остро реагираа.

Една од критичните еколошки точки во Скопје е поранешната хемиска фабрика ОХИС каде се најавуваше отстанување на отровниот линдан кој ги труе жителите на скопска Кисела Вода и околните населби.

Иако власта се пофали дека почнале да го чистат, ридови земја со различен степен на контаминираност и натаму стојат таму. Но, освен линдан, анализите покажале и присуство на жива во почвата, која не би можела да се деконтаминира ако станува збор за високи концентрации.

На само неколку километри од центарот на Скопје се наоѓа најжешката еколошка точка во Македонија – две депонии со илјадници тони токсичен отпад од некогашниот хемиски гигант ОХИС.

Засега се работи само на малата депонија, но и тука работата оди многу бавно. За големата депонија изгворот сега е дека нема пари.

  • Можам слободно да кажам дека тоа е гаснење на пожар, зашто ние сме довеле да си ја затруеме околината. Ние имаме затруена почва, а сакаме да обезбедиме квалитетна храна – е нема тоа. и одвојуваме некои ситни средства за екологија, тоа не може да е добро и да се работи како што треба, немаме светс за тоа, вели меѓу друготи Татјана Стојановска која долги години е посветена на зачувување на животната средина.

И додека Охис чека подобро време за решавање на горливиот проблем, Скопје се трупа и со дивоградби, кои никнуваат како печурки. Отстранувањето на дивоградбите, посебно во заштитетното подрачје кај Матка, останува отворено прашање.

Дека нешто ќе мрдне од мртва точка не се оптимисти екологистите, но се надеваат на подобро време.

  • Наместо екологијата да ја ставиме на еден примање момент, односно заштита на средината, ние одвојуваме само одреден буџет за секторот – екологијата, па така сметаме дека сме завршиле со работа. Готово сме го покриле. Не, напротив – грешка што се прави низ годиниве е што удрано не посветува внимание на решавање на проблемите за зачувување на животната средина. Како што се е испоплеткано тешко дека нешто може да се смени. Да се надеваме на подобро време, каде ќе се чује нашиот глас, ама сериозно, додава еко активистката, која како што додава и таа е само обичен човек, но со здрав разум.

И загадениот воздух останува сериозен проблем кој досега не успеа да го реши никој.

Со проблеми се соочуваат и најголемите природни езера. Второто по големина, Преспанското, има изгубено речиси 6 метри во висина, а во поплитките делови водата е повелечна и неколку километри. Владата ги замрзна парите со кои требаше колку – толку да се подобри состојбата.

Дојранското Езеро кое со изградбата на системот за дополнување вода беше спасено од судбината слична на Преспанското, сега повторно е загрозено. Пумпите годинава беа исклучени за да се заштеди на струја, а каналите веќе се обраснати со вегетација.

Во колекторот на Охридското кој би требало да ги филтрира водите кои се влегуваат во езерото, со години не е вложено ништо па се случува од него да се излеат и фекалии.

Низ Македонија и натаму има стотици диви депонии, а државата не презема ништо за нивно расчистување.

Ова се само дел од еколошките проблеми кои можеби ќе почнеа да се решаваат доколку се формираше Фондот за животна средина кое беше едно од главните ветувања во оваа сфера.

  • „Повторно ќе го воспоставиме Фондот за животна средина, како гаранција дека средствата добиени од такси за животна средина, ќе бидат наменети за проекти за подобрување на квалитетот на животната средина, а нема да се користат за комодитетот на администрацијата“, пишува во предизборната програма на СДСМ, „План за живот во Македонија“.

Сепак, повеќе од пет години подоцна Фондот го нема. Таксите секако се собираат, но никој не знае каде завршуваат овие пари.

Годинава беше воведена забрана за користење пластични кеси, односно тие почнаа да се продаваат за 10 денари, па и повеќе. И за овие средства нема податок каде одат.

Се обративме до Министерството за животна средина за да прашаме колку од програмата имаат реализирано и кој е најголемиот поркет на кој работеле во изминативе пет години, но оттаму не добивме никаков одговор.

Ќе изградиме регионални центри за управување со отпадот во три региони. Ќе изградиме пречистителни станици за третман на отпадните води. Ќе обезбедиме поволни кредити за замена на еколошки застарени технолошки. Ова се дел од ветувањата во „Планот за живот“ кои и повеќе од пет години подоцна останаа само на „Ќе“.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста