Во Фокус: Власта СДСМ/ДУИ не донесе ниту еден капитален проект во здравството

Многу фалби, малку резултати. Вака накусо изгледа епилогот од досегашното владеење на СДСМ и ДУИ со македонското здравство. Јавноста во изминатите години не виде промоција на ниту еден поголем капитален инфраструктурен проект во оваа дејност. Но тоа според надлежните не е причина да се извлекува негативна парарлела за досега сработеното. Министерот сали тврди дека проекти имало, а фокусот биле пациентите и здртавствените работници

Во изминатиот период направени се неколку чекори напред во услужување на граѓаните, засебни услуги здравствени работници и во финансискиот дел во регионот сме земја лидер, зборуваме за држави кои се надвор од ЕУ, а во делот на капиталните инвестиции ние на секоја недела нешто промовираме во делот на инсталации. Пуштаме во употреба нова опрема во сите различни јавни установи. Мојата заложба е децентрализација на здравствените услуги од клиничкиот центар во Скопје, одговори Министерот за здравство Беким Сали.

Предизборно беше ветено нов клинички центар , кој не само што не го добија граѓаните туку сега ќе плаќаме и пенали. Сали тврди дека Министерството правело се за да не се плаќа  целата сума од 8.5 милиони евра и ќе се одело преку арбитража. Оштетување на Буџетот сигурно ќе има, ама првиот човек на здравство вели дека се уште било рано да се каже за колкава сума.

Секако нема да биде таа сума, бидејќи најчесто страната што побарува ги бара сите средства што ги предвиделе во нивните калкулации во однос на раскинување на тој договор. Не секогаш тие средства се исплаќаат од другата страна, во овој случај државата. Таа процедура по сите практики ќе продолжи и најверојатно ќе одиме на арбитража и ќе одземе подолг период и не знаеме кога ќе има краен исход, појасни Сали.

Додека јавноста чека нови клиники и модерна медицинска опрема, здравствените работници среата си ја бараат во приватното здравство, а голем дел од нив и во странство. По пандемијата  Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари обелчодени дека од земјава си заминале 400 медицински лица.

СДСМ и ДУИ пред да дојдат на власт не штедеа на ветувања. Ќе имаше бесплатно јавно здравство, нов систем за „мој термин“, а медицинскиот кадар ќе имаше бесплатна едукација и двојно зголемена плата и награди.  – Наместо реализација на ветеното, здравството го одбележува во изминативе пет години  е недостиг од  терапија, необновени позитивни листи кои се ветуваат со години ,  низа скандали, афери, незадоволен медицински персонал и уште понезадоволни граѓани од здравствениот систем.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста