Во Фокус: Власта СДСМ – ДУИ ги уназади и осиромаши земјоделците

Многу ветуваа,  ништо не исполнија , земјоделецот е оставен сам на себе, изминатите пет години се потрошено време во некорист на земјоделството, нема аграрна политика– вака земјоделците и сточарите ја оценуваат работата на Владата во секторот во изминатите пет години.

Во овие пет години сами се свесни самите граѓани и земјоделците дека земјоделството нема никаква полза од министерот , слободно можам да кажам за (Не)земјоделие Љупчо Николоски, а обичниот земјоделец е последна дупка на земјоделството, така да за овие пет години ништо не е направено за земјоделецот , цело време излегуваме со пресови, а едноставно да се земат чизмите во раце, да се облече работничко одело да се излезе не кај големите производители, да се појди кај малиот земјоделец да се види како крпи ден за ден. Овие пет години се многу лоши за земјоделецот, вели Тони Ангелески Земјоделец и претседател на ТЗ Жолто тутунско злато

Не само тутунарите, незадоволни се и оризопроизводителите. Изминатава година со месеци беа на улица и бараа спас за културата. Велат, ништо од ветувањата кои им  ги дал на стартот на мандатот , Министерот Николовски дека оризот ќе стане стратешка култура, ќе се купува за стокови резерви. Реагираат дека континуирано имаат слаби приноси, немаат репроматеријали и нема кој да контролира. Револтирани се и на последните измени на Законот за земјоделско земјиште со кој државата ќе ги земе необработените површини.

Ветуваа дека ќе се зголемуваат субвенциите, напротив намалени се субвенциите,. Кажуваат дека е исплатена субвенцијата, дека авансно ќе се исплаќаат. Сточарството е намалено за 90 отсто. За овие пет години од како е на чело Николоски е хаос, вели Здравко Арсов ИО за спас на оризопроизводство.

Нашите површини не се во сопственост на државата да ги дадат. Министерството за земјоделие да најде начин за планско производство. Сите велат дека храна нема, а ние површините ги оставаме, вели Тони Маскимов – ИО за спас на оризопроизводството

Планот за живот требаше да го подобри стандардот на земјоделците , барем така ветуваа. Се ветуаа инвестиции и вложувања за поголеми приходи во сите семејства кои се занимаваат аграрство и сточарство. Предвидено беше да се воспостави механизам за спречување на можни злоупотреби, а  субвенциите за зелена нафта беа водечки во програмата.

Земјоделските здруженија обвинуваат дека нема зелена нафта за сите, а и во сите сегменти Министерството работело селективно.

Немаме вода, немаме услови за работа, а сега и и сме на раб на егзистенција, вели Соња Поповиќ одлгедувач на свињи.

Земјоделците и сточарите постојано посочуваат и бараат средби со Министерот, ама никако да дојдат до него . Му порачуваат дека не треба да  биде Министер од прес – центар , туку да излезе на терен и да ја види нивната мака.

Му предлагаме на Министерот да излези и да го види обичниот земјоделец, а не да оди по олигарси каде цути мед и млеко, Тони Ангелески Земјоделец и претседател на ТЗ Жолто тутунско злато

И самиот Љупчо Николовски кога ја презеде функцијата од дотогашниот Цветан Трипуновски  имаше став дека треба да биде меѓу земјоделците и дека нема да биде Министер од канцеларија .

Ќе продолжиме да бидеме со земјоделците и со граѓаните. Тоа е наша обврска го отворивме Министерството за сите чинители да даваме помош и поддршка. Да ја вратиме довербата кај земјоделците и да продолжиме со грижата за земјоделците, рече Министерот за земјоделство кога ја презема повторно функцијата од дотогашниот Цветан Трипуновски на 17.01.2022

Ситуацијата во изминатите пет години се чини дека кулминираше годинава. Сите овие случувања доведоја да го остават земјоделството и сточарството на раб. Па така пиперките во Струмица завршија на буниште, оризопроизводителите се на улица, одлегувачите на свињи исто така, а пред колапс е и кравараството .

Производителите на млеко почнаа да го продаваат по социјални мрежи бидејќи откупната цена не им се исплати за маката – Накратко вака изгледа ситуацијата во земјоделството пет години откако започнаа современите стратегии за модернизација во земјоделството.  Побаравме и став од Министерството за земјоелство, шумарство и водостопанство – Kој е најголемиот проект со кој можат да се пофалат во изминативе пет години, но одговор за ова нема.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста