Во туристичка Македонија не постои дејноста туристички водич?!

Во дејноста на туристичките водичи владее безредие и хаос, проблемите што се провлекуваат 20 години лежат во катастрофалниот закон за туристичка дејност кој што претрпе многу не ефекасни измени-велат експертите. Во Макеоднија има министерства за се и сешто, но не и за туризам како во сите туристички земји.Водичите укажуваат дека дури и ги нема, не постојат во националната класификација на дејности.

Прво и основно проблемот на туристичките водичи е што не сме влезени во номенклатурата на дејности на Македонија, во занаетчиска комора не има како дејност туристички водич, ама во министерство за економија не нема и така не можеме да направима на пример како книговодителите да сме лиценцирани и секоја година да се надоградуваме, вели Љупчо Јузмески туристички водич

Поради ова охридскиот факултет за туризам и угостителство сега е вклучен и работи на изготвување нова национална но и европска класификација на дејности и занимања. Само на тој начин ќе се стави некаков ред вели Јузмески и ќе се знае кој за што учел и тоа да го работи,оти немосрдна е нелојакната конкуренција со која се соочуваме , додава тој.Кој стигна, работи како туристички водич и ни го јаде лебот.

Не недостигаат, туку имаме хипепродукција на туристички водичи, од тие причини што секој во слободоно време би сакал да биде туристички водич.Што значи не е секој келнер, таксист, шофер, пожарникар, шеф на рецепција, да бидат водичи за тие во слободно време да се водичи, а ние во слободно време не можеме да сме пожарникари, доктори, полицајци, рецепционери и не знам што, додава Јузмески

Ако не ја израбориме добро летната сезона, ќе нема како финансиски да ја поминеме зимата.Иако проблемот со нелегалните водичи полека се надминува,маката на водичите не е една. Туристичките агенции ангажираат водичи бидејќи се обрзани,но воопшто не го ценат квалитетот и знаењето на туристичкиот водич кој го ангажираат, најважно им е да поминат што поефтино. Изборот на локалните водичи кај нас е-колку пари, толку музика. Од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот кажуваат дека во земјава има општини во кои и покрај нивната развиеност,нема нити еден туристички водич,таков е примерот со Дојран.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста