Во Судан е пукано врз американски дипломатски конвој – во борбите на војската и паравојската убиени над 180 луѓе

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен потврди дека во Судан било пукано врз американски дипломатски конвој иако возилата биле видно обележани со американски знамиња… Инцидентот поминал без жртви, а од Стејт департментот соопштија дека за инцидентот Блинкен разговарал со генералот Абдел Фатах Ал-Бурхан, шефот на преодниот владејачки суверен совет на Судан, и паравоените сили за брза поддршка, предводени од генералот Мохамед Хамдан Дагало, и ги повикал двајцата лидери да се согласат на прекин на огнот. Според Блинкен и двајцата имаат одговорност да „обезбедат безбедност и благосостојба на цивилите, дипломатскиот персонал и хуманитарните работници.
Во меѓувреме, борците на суданските паравоени сили за брза поддршка отворија оган против воени беспилотни летала во картум. Додека надвор грмеа експлозии и пукотници, суданците во главниот град картум беа принудени да останат во затворени простории. Повеќе од 185 луѓе се убиени, а над 1.800 се ранети од избувнувањето на борбите, рече претставникот на он, Фолкер Пертес

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста