Во Собранието затишје пред бура: „Пленарката„ продолжува утре, денеска само комисиска дискусија

Во Собранието затишје пред бура во врска со контроврезните закони. Пленарната седница на која треба да се разгледуваат измените на законот за воведување на 60 часовна работна недела ќе продолжу дури утре, но затоа денеска продолжи расправата на собраниската комисија за европски прашања.

На денешното продолжение, членовите на комисијата дискутираа по предлог на законот за изменување и дополнување на законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка. На дневен ред на оваа седница се и измените на законите за градење, за експропријација, за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8  и Коридорот 10, сите по скратена постапка.

Во досегашниот тек од дебатата опозицијата остро се спротистави на носењето на законите со европско знаменце и по скратена постапка, затоа што со тоа се крши Уставот, се суспендираат законите во државава и се воведува беззаконие, а предлогот е нејасен и нетранспарентен. Главната забелешка на опозициските пратеници е дека планската документација при проектирање со измените се става вон сила и за изградба на патните делници ќе биде доволно само урбанистички проект. Според нив, тоа ќе доведе до штетни последици и ќе овозможи и во иднина секој да гради каде што сака.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста