Во Охрид затворени 37 занаетчиски дуќани, ја изгубија битката со високите сметки за струја

Од почетокот на годинава до денес 37 занаетчии во Охрид ги затвориле дуќаните-причината лежи во економската криза и превисоките сметки за струја,велат од регионална занаетчиска комора. Да згаснуваат занаети вака драстично и во олку голем обем не се случило никогаш до сега,но повеќе не е издржливо да се работи.Поголемиот број занаетчии не можат да ја покријат потршувачката кошница со прометот кој го остваруваат во текот на еден месец. Ние сме ситни занаетчии, самостојни вршители на дејност, самовработени и за нас во прв ред сметките за стуја се превисоки. Од Владата побаравме помош уште од крајот на месец август, но одговор велат нема.

Побаравме од Влада, испративиме допис да се стави некоја ставка барем онолку колку што плаќаат домаќинствата, да не сме на индустриска струја. Самиот збор индустриска поврзано со занаетчиство нема никаква врска, значи ние сме занаетчии не сме индустријалци.Првичниот одговор беше од Владата примено е вашето барање и доставено до таму и таму, од таму  и таму е доставено до таму и таму и ние сега чекаме да видиме до каде е стигнато нашето барање“ – рече Сашо Богоески, потпретседател на занаетчиска комора на Р.М.

За време на корона пандемијата Владата не залажуваше со тоа што добивме по некоја плата, за потоа на одреден број знаетчии да им биде побарано да ги вратат парите назад,но и преку тоа премиваме, се крпаревме некако,но сега веќе не можеме-огорчени се занаетчиите.

„Доста колеги ги затворија дуќаните затоа што не е само електичната енергија во прашање,туку и кириите и другите давачки и нормално животниот стандард.Се сеќавам многу добро пред 24 години кога го отворив берберскиот дуќан, ги чувам постарите сметки од струја, гледаме дека пред двасет и нешто години за нас берберите киловат час беше 2,1 ден а со денешните пресметки е околу 11 ден што е многу, многу кратно зголемена електричната енергија“ – вели Неат Алим, бербер.

Сметката за електрична енергија стигна денес, страв и е да ја отворам вели Алим,намирниците поскапеа,се’  покапи, така што за да преживемее моравме и ние да ги зголемиме цените на услугите за 25 до 30 %. Пострижувањето стана луксуз, а во оваа немаштија луѓето не само што немаат пари за нови чевли, туку и поправката на старите и износени им е скапа,велат занаетчиите.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста