Во Охрид веќе една година не функционира одделот за детски болести затоа што во градот нема доволно педијатри

Безмалку една година министерството за здравство не може да најде решение за охридската општа болница, каде поради недостаток на педијатри од почетокот на месец ноември лани, затворен е одделот за детки болести.По Филипче кој на крајот од 2021-ва убедуваше дека доктори од Скопје ќе ротирале се додека не се најдело трајно решение,сега и актуелниот Беким Сали со исто ветување,трето по ред откако е седнат во министерстаката фотеља.

– „Ќе мораме ние да надоместиме од другите околни градови за да имаме постојано, во континуитет пружење на услуги од педијатриската дејност.Тоа значи дека неделно е побарано од директорите да имаат договор меѓу две институции за неделно да ротираат лекарите од Струга кои би дошле во Охрид.“ – Изјави Беким Сали-мин. за здравство.

Меѓу директорите на двете болници нема никаков официјален договор, тоа е неизводливо велат, без согласност на 6-те струшки педијатри од кои 4-ца се пред пензија, а ги лекуваат дечињата од целиот регион.

– „Јас веќе се осеќам стварно уморен, дежурствата се посебно тешки, викендите не се издржува по 60- 70 пациенти на смена тоа е страшно, хаос.“- Изјави д-р.Влатко Мицкоски-педијатар

Единстевниот педијатар во охридската болницата потсетува дека и пратиле двајца специјализанти кои немаат право на дежурство,па си ги повекле назад во Скопје, за да ја дозавршеле специјализацијата.

– „Ние 15 години слушаме паушани ветувања, не е тоа нешто ново дека ќе слушнеме паушално ветување.Ние гледаме сега, знаете како ,тешко е кога во медицината се трудите да импровизирате.“ – Изјави Орхан Зекир-педијатар

– „Проблемот што е веќе од поназад, некако не се размислуваше дека кадарот од педијатри ќе го снема практично.“ – Изјави д-р Аспазија Софијанова-Детска клиника

Во охридската болница хоспитализации нема, се вршат само амбулантски прегледи со работно време од 8 до 20 часот-а за викенди и останатото време болните дечиња се упатуваат во струшката општа болница. Однесувањето на здравствените власти е несериозно и крајно нехумано,бидејќи не секој може во ситните саати да го носи болното дете до Струга, велат лекарите.

Новинар Росица Голабоска
Снимател,монтажа Златко Маневски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста