Во Македонија тешко се дише „вжештен“ бројот на брза помош

Високите температури опасни за сите категории граѓани, а сме на средина на летните горештини. Доколку не се заштитат соодветно дури и помладите може да бидат на удар на топлотниот бран кој ја погоди Македонија. Дел од препораките се пиење на многу течности, носење лесна и светла облека, носење на шапки за заштита на главата, носење очила со заштита од УВ зрачење.

Откако Македонија влезе во портокалова фаза екипите на итната медицинска помош со полни раце работа, тие алармираат до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од топлото време, особено хронично болните и постарите лица.

За жал еве и во текот на денешниот ден имаме неколку случаи на јавно место каде што на луѓето им се има слошено, а исто така и во домашните услови им паѓа притисокот, заради тоа што крвните садови се шират и доаѓа до паѓање на крвниот притисок. Значи земање на доволно течности секако е еден од приоритетите во овој период.

За хронично болните секако да си ја земаат терапијата и да ги намалат физичките активности посебно во овој период. Ако им е неопходно прошетка некаде после 18ч или во раните утрински часови, изјави др. Весна Неделковска од итната медицинска помош

Високите температури ќе стивнат во среда попладен кога се очекува врнежливо време, а можно е во одредени делови да има и појава на град.

До среда ќе се задржи многу топло време, во среда попладне и во четврток во текот на денот, на повеќе места ќе биде нестабилно, со пороен дожд и грмежи, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни елктрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град изјавија од Управата за хидрометеоролошки работи

Докторите со апел – мерките да се почитуваат, за да се избегнат сериозни последици по здравјето на сите граѓани.

Бојана Златкова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста