Во Македонија се носат закони без консултации и без никој да знае

Во Македонија се носат закони без никој да знае и без никакви консултации. Во 2022 година само  37% од предлог-законите усвоени на Влада и доставени до Собрание биле објавени на единствениот национален регистар на пропис.

Односно од вкупно 65 предлог закони кои имала обврска да ги стави на енер, во Регистерот се ставени само 24 и поради тоа на јавноста и била скратена можноста да се информира. Ова го  покажува извештајот „Огледало на Владата“ за 2022-ра година на македонскиот центар за меѓународна соработка и граѓанскиот ресурсен центар. 

Според извештајот  вкупно 86 од предложените 191 закон се на предлог на пратениците, а Собранието не спроведува консултативен процес за истите.

-За значаен процент од предлог-законите се оневозможуваат консултациите со засегнатите страни и подлежат исклучиво на законодавна постапка за донесување на закони. Имајќи го предвид ова, закони кои се од суштинско значење за правното опкружување може да бидат изгласани без јавноста да биде консултирана, се вели во соопштението.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста