Во ДУИ нова средба на Ахмети со членовите од „огнената група“

Втора средба на Ахмети со огнената група во ДУИ за помалку од една недела, откако лидерот на интегративците минатиот четврток во одделни средби со ограноците од Чаир и Сарај се обиде да ги смири страстите и внатре-партиските поделби.

Откако со заедничка фотографија на незадоволните реформатори во ДУИ заедно со, како што велат тие „неприкосновениот лидер“ Али Ахмети за јавноста изгледаше како поделбите во партијата да се пред разрешница, по се изгледа огнените не се откажуваат без да падне политичка жртва во ДУИ, односно да се тргне Груби.

Еден од најзвучните имиња во фракцијата, поранешниот вице-премиер Муса Џафери, за дел од медиумите неодамна изјави дека доколку Ахмети не го смени Груби, како и неколку други министри, политичката војна во ДУИ ќе ескалира. Груби пак тврди дека партијата е обединета и раскол нема.

Огнената група која веќе две години е незадоволна од работата на партијата неодамна доби и нов член – Кастриот Реџепи, поранешниот пратеник на БЕСА кој не се појави на клучната седница за уривање на владата. Заедно со Кастриот, бројот на огнени во Собранието се искачи на 3 пратеници.

Иако Фадил Зендели изјави дека интерпелација од БЕСА за да падне Груби не треба да се очекува, шпекулациите се дека е можно да им се приклучи на огнените и пораешниот пратеник на Алтернатива, сега независен, Скендер Реџепи. За него е нејасно дали и која страна ќе ја одбере.

Доколку огнените добијат само уште пратеник во парламентарниот дом, заедно со опозицијата во албанскиот блок би можеле да му ја разнишаат фотелјата на Артан Груиби. Ако Груби падне, Ковачевски ќе мора да предложи нови измени во неговиот кабинет за да ја спаси владата и да избегне нови, предвремени парламентарни избори.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста