Во „Аџибадем Систина“ се роди јубилејното 20.000-то бебе

Малиот Блажo од Струмица е 20.000-то бебе кое се роди на одделот за гинекологија и акушерство во Клиничка болница „Аџибадем Систина“. Во чест на големиот јубилеј, новороденчето ќе добие бесплатен третман во болницата до својата 18-годишна возраст, како и бесплатно породување и апартманско сместување за мајката за време на престојот во болницата.

  • Веста дека моето бебе е 20 000-то бебе на болницата нè изненади и нè направи навистина среќни. Ние сме редовни пациенти и сме премногу задоволни од сите услуги и од целиот тим. Ова е мое четврто породување тука и како и сите претходни, сè помина во најдобар ред. Голема благодарност за дoктор Бобан Сарџовски и за мојата докторка Гордана Петровска која се грижеше за сите мои бремености. Благодарни сме од срце за овој преубав гест и можноста за бесплатен третман на моето дете. Ова зборува многу за грижата на ‘Аџибадем Систина’ кон своите пациенти со кои заедно ги споделува своите успеси. Ви посакувам уште многу поголеми јубилеи и задоволни пациенти“, вели Славица Стојанова, мајката на 20.000-то бебе.

Бројката од 20.000 новороденчиња е потврда за довербата што брендот ја градеше низ годините и успеа да се позиционира на лидерското место не само во земјата туку и во регионот.

  • Ова е навистина голем успех за мене и за моите колеги гинеколози акушери со кои заедно успеавме да ја изградиме успешната приказна на ‘Систина’ уште од самите почетоци. Сите ние емотивно го доживуваме секој успех бидејќи секој од нас го даде својот максимум за да ја добиеме и зачуваме довербата на пациентките низ годините. Огромна благодарност до менаџментот на болницата. Нивниот визионерски дух и поддршка се причината што денес го славиме овој јубилеј“, вели д-р Слободан Дракулевски, гинеколог-акушер.

„Аџибадем Систина“ прерасна во најголемо приватно родилиште каде што годишно се раѓаат над 1.500 новороденчиња. Во грижата за пациентките, на располагање е тим од 22 гинеколози акушери, 10 акушерки, 50 медицински сестри и друг медицински кадар.

  • На Одделот работат врвни професионалци, па со гордост можам да кажам дека ‘Аџибадем Систина’ го создаде и Центарот за водење на ризична бременост, со што значително е намалена стапката на предвремено родени новороденчиња. Ние сме и единствената болница што создаде специјални пакети за породување со бројни бенефиции за мајката и новороденчето. Среќни сме што пациентките ги препознаа нашиот квалитет и посветеност, а денешниот јубилеј е само потврда за тоа“, вели доктор Гордана Петровска, гинеколог акушер, шеф на Одделот за гинекологија и акушерство.

„Аџибадем Систина“ е лидер и во областа на асистираната репродукција, а во Центарот за ИВФ на болницата е родено и првото бебе зачнато со помош на ин витро технологија.

  • Уште од самите почетоци, нашата цел беше да воведеме најнови методи и да го усовршуваме нашето знаење, со цел да ја овозможиме најдобрата грижа за женското здравје. Во оваа голема бројка од 20 000 бебиња, значаен дел имаат и новороденчињата зачнати со помош на асистираните репродуктивни технологии. Благодарение на ИВФ-центарот, го исполнивме сонот на илјадници семејства“, вели д-р Слободан Лазаревски, шеф на Центарот за ИВФ во „Аџибадем Систина“.

Довербата на пациентите се потврда за квалитет, но и обврска да се продолжи и понатаму со инвестиции во знаење и технологии.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста