Вокалниот ансамбл „Ноктурно“ од Белград вечерва на „Охридско лето“

Во рамки на музичкиот дел од програмата на „Охридско лето“ вечерва е резервирана за настапот на уметниците од Вокалниот ансамбл „Ноктурно“ од Србија.

На програмата на вечерашниот концерт во Предворјето на „Света Софија“ се традиционални напеви, црковни и духовни песни прилагодени на хорска изведба. Почетокот на концертот е во стандардниот фестивалски термин од 21 часот.

Ансамблот „Ноктурно“ е основан во 2005 година, составен од професионални уметници кои се постојани членови на хорот на операта на Народниот театар во Белград.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста