Возило излета од регионалниот пат Неготино-Радовиш, едно лице се се здоби со тешки телесни повреди

На 26.08.2020 во 18,05 часот било пријавено дека на регионалниот пат Неготино-Радовиш кај с.Пепелиште патничко моторно возило “опел корса“ со неготински регистарски ознаки управувано од П.Ј.(82) од Неготино излетало од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а констатирани од Итната медицинска помош Неготино. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Неготино.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста