Возило излета од патот Кичево – Македонски Брод, едно лице се здоби со тешки телесни повреди

На 29.08.2020 во 14,15 часот било пријавено дека на регионалниот пат Кичево -Македонски Брод кај с.Бигор, Доленци патничко моторно возило “фолксфаген голф“ со кичевски регистарски ознаки управувано од С.Н.(60) од Кичево излетало надвор од коловозот. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кичево.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста