Внукот на Ахмети се брани од слобода: Обвинителството немало причина за построги мерки

Немало потреба за никакви мерки за обезбедување присуство за внукот на Али Ахмети иако кај него била пронајдена марухуана, но и дигитална вага, со траги од кокаин.

-Кај лицето биле пронајдени околу 10 грама марихуана, 4 куршуми од различен калибар и дигитална вага со траги од дрога. Основното јавно обвинителство Кичево постапува по пријавата и ги испитува наводите. Во конкретниот случај надлежниот јавен обвинител оцени дека во овој момент не се иВнукот на Ахмети се брани од слобода: Обвинителството немало причина за построги меркисполнети законските основи за да побара мерки за обезбедување, информираат од ОЈО.

Обвинителството го гони Муса Ахмети за две кривични дела, едното според член 215 од Кривичниот законик, за кое е предвидена максимална казна затвор до 10 години.

-Тој што неовластено произведува, преработува, продава или нуди на продажба или заради продажба купува, држи или пренесува или посредува во продажба или купување или на друг начин неовластено пушта во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, ќе се казни со затвор од три до десет години, се вели во член 215.

Се гони и за член 396 од Кривичниот законик, за кој исто така е предвидена казна затвор до 10 години.

-Тој што ќе изврши фалсификување на ознаки на огнено оружје со бришење, уништување или менување на ознаките на огнено оружје и деловите на огнено оружје или не изврши жигосување и означување на огненото оружје, деловите, компонентите на огненото оружје и муницијата, ќе се казни со затвор од една до десет години, се вели во член 396.

Од Обвинителството за Алфа велат дека Муса Ахмети бил приведен на 20-ти декември 2022-ра во Кичево поради кривичниот правниот настан кој му се става на товар, откако на 29-ти октомври бил извршен претрес во неговиот дом.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста