ВМРО-ДПМНЕ: Kовачевски е уплашен човек, нека го поднесе предлогот за уставни измени

На средбата на СДСМ со коалициските партнери реагираше ВМРО-ДПМНЕ. Од опозициската велат дека Димитар Ковачевски треба веднаш, уште денескада го достави предлогот за уставни измени во Собранието, за да се соочи со фактот дека нема двотретинско мнозинство.

„Кога нема да поминат овие уставни измени, кукавицата Димитар Ковачевски  да си поднесе неотповиклива оставка. Тоа што кажува дека нема да си поднесе оставка доколку не поминат уставните измени покажува дека тој е само еден уплашен човек, кој бега од соочување со народот по секоја цена. Ковачевски единствено мисли само како да помине ден повеќе на удобната фотелја, а со тоа и да украде некој денар повеќе и да намести некој тендер, дали за него и неговото семејство, дали за неговиот шеф Ахмети“ се наведува, меѓу другото, во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста