ВМРО-ДПМНЕ ја фрли ракавицата: Устав по хрватски терк, СДСМ калкулира: Да се разговара во работните групи за ова

Македонија е држава на македонскиот народ и држава во која припаѓаат националните малцинствата – ВМРО-ДПМНЕ прифаќа уставни измени и вметнување на Бугарите во Уставот само по хрватски модел. Без никакви условувања велат од опозицијата, и нудиме на власта промена на Уставот и заштита на македонскиот народ и интереси. Како би била напишана Преамбулата по хрватски терк:

  • „Република Македонија се воспоставува како национална држава на македонскиот народ и држава на припадниците на националните малцинствата: Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци и др., кои се нејзини државјани, на кои им се гарантираат исти права со тие на македонскиот народ и остварување на националните права, во согласност со демократските норми на Организацијата на Обединети Нации“ вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата е спремна да разговара сите националности од последниот попис да бидат македонски малцинства, но очекуваат владејачкото мнозинство да го прифати ваквиот предлог бидејќи само така велат од партијата на Мицкоски, Македонија ќе биде унитарна држава.

  • „Очекуваме СДСМ и ДУИ да го прифатат овој предлог од причина што самите постојано се прокламираат за европски политичари, па оттука после нивните изјави со кои хрватскиот модел го предлагат како најсоодветен пример за промена и примена во Македонија не веруваме дека сега би биле против овој модел и би одбиле Македонија да биде унитарна држава“вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Јавната понуда од опозицијата, владејачката СДСМ не се изјаснува дали ја прифаќа. Бара предлогот да бил изнесен на јавната расправа во Собранието.

  • Со започнување на процесот во Собранието ќе се отвори јавна расправа, преку работни групи каде може и Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе дадат свои предлози, овој процес мора да биде инклузивен, транспарентен за да дојдеме до најдобрите предлози и решенија за промените во Уставот, со цел да го продолжиме европскиот пат на нашата држава“ вели Дарко Каевски, портпарол на СДСМ.

На тема уставните измени, деновиве министерот за правда Кренар Лога од редовите на Алијанса за Албанците, кажа дека со отворањето на највисокиот правен акт во Македонија, треба да се размислува и за бришење на 20 отсто кои зборуваат албански јазик, и негово впишување како втор службен јазик во Македонија. Но, за сега, власта смета дека не би требало да оптеретува целот процес со нешто што не било приоритет, а за нив приоритет е впишувањето на Бугрите во највисокиот правен акт.  

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста