ВМРО-ДПМНЕ ја почнува акцијата „Заедно со народот“

Денес почнуваме со акцијата „Заедно со народот“, општинските комитети, градоначалниците, пратениците, месните комитети и членови на Извршниот комитет ќе бидат дел од многуте тимови на партијата низ целата земја, кои ќе ја отпочнат една од најголемите кампањи и теренски посети некогаш направени во Македонија, истакна Ѓорѓија Сајкоски, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Неговиот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение:

Во првата фаза која ќе трае до 30 април тимовите на партијата ќе се сретнат со секој ажуриран член на ВМРО-ДПМНЕ. Во втората фаза на акцијата тимовите ќе направат посета и средба со секој наш подржувач и опозициски расположен гласач, а потоа и со голем број на граѓани кои сметаат дека државата се движи во погрешен правец.
Од посетите и средбите со граѓаните сакаме да го слушнеме мислењето на граѓаните, дел од нивните идеи и размислувања да ги вградиме во идните политики на ВМРО-ДПМНЕ.
Имајќи во предвид дека власта со своите постапки ги руинира институциите на државата за свои лични потреби, тие крадат, трошат без контрола, а народот осиромашува и чека момент да ја напушти државата. Ние мора заедно да се спротиставиме. Она што треба да биде услуги на институциите кон граѓаните често се под знак прашалник, граѓаните често не можат да ги добијат основните потреби.

Ние како ВМРО-ДПМНЕ свесни сме дека ова власт требаше да биде сменета вчера, но повикуваме да ни се приклучите денес за да може заедно да ја промени болната реалност и да почнеме да чекориме напред, потребни се промени, а за промените неопходни се граѓаните.

Затоа ја започнуваме оваа акција каде ќе разговараме со народот, ќе ги слушнеме нивните проблеми, нивните потреби.

Овие средби со граѓани ќе ги искористиме за да ги повикаме да се приклучат со нас и заедно до избори да делуваме се до финалниот пад на оваа ненародна власт. Секој еден поединец е важен и секој еден поединец ќе биде вклучен во битката за пад на оваа ненародна власт. Но ние и тимовите од терен ќе дадеме ветување дека заедно со граѓаните во иднина ќе ја градиме државата. Бидејќи власта ќе не остави во урнатини, обезвреднети институции, неплатени сметки, ќе не остави во хаос. Ова што се случува изминатите пет години треба да послужи како лош пример на власт кој не треба да се повтори, ова е скапо школо за сите граѓани.

Ние затоа ќе им укажеме на граѓаните дека не треба да се водат од невозможните работи кои им ги ветува власта и некои партии, бидејќи тогаш им даваме можност само на лажговците да успеат.

Затоа тимовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги соберат сите предлози, идеи, размислувањата на граѓаните за иднината на Македонија и ќе ги преточиме во политики и акција за идно делување. Да работиме сите заедно за подобра Македонија.

https://www.facebook.com/Sajkoski.Gjorgjija/posts/660985299368264
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста