ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува иницијативата за закон за амнестија на осудените за 27 април

Селективната правда не е правда. Со овој став, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе закон за амнестија на осудените од настаните на 27 април, а како резултат на иницијативата и заедничка заложба на адвокатите Jанаки Митровски и Драган Пешески.

  • „Со овој закон ќе бидат опфатени сите осудени лица за настаните од 27ми април, без исклучок. Дека мнозинствот ќе го прифати, ќе го поддржи и ќе гласа за овој предлог на закон, бидејжи, доколку во спротивно ќе докаже дека за нив селективноста е на прво место, а владеењето на правото и правдата во Македонија ги нема никаде.“ Изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Од ВМРО ДПМНЕ ја повикаа и пратеничката група на СДСМ да го поддржат законот. Доколку не го сторат тоа, ќе покажат дека за нив селективноста е на прво место. Од СДСМ уште пред неколку дена се изјаснија дека нема да подржат нова амнестија и порачаа дека „Насилниците од 27 април мора да понесат одговорност и мора да бидат казнети.“

Од помалите колациони партнери во владата, велат дека до нив законот се уште не е пристигнат, па засега немаат конечен одлука за тоа, дали ќе го подржат или не.

Од Либерал-демократската партија, кои првично не го подржаа првиот закон за амнестија, велат дека селективност не смее да има, а за да се врати довербата во правосудниот систем одговорност мора да има.

  • „Во државата не смее да има селективна правда или селективна одговорност. ЛДП не го поддржа законот за амнестија токму од причина за да не се прави селективна правда“ – Велат од Либерал демократска партија.

Со сличен став и од ДОМ, од каде велат дека правото и правдата треба да се спроведуват низ правосудните органи, а не во собранието.
ТЕЛОП –

  • „За квалификацијата на некое дело и за донесените пресуди единствено надлежни и одговорни се обвинителството и судството.“ – Велат од партијата Демократска обнова на Македонија.

Павле Трајнов Демократски сојуз, вели дека амнестијата е чин на милост и подржува да се отвори расправа.

  • „Тогашниот закон за амнестија имаше селективен и крајно непринципиелен пристап. Беа ослободени од одговорност лица кои директно придонесоа за настаните со тешки последици, поради тоа што со нив се направи договор за поддршка на промена на уставот во врска со Преспанскиот договор.“ – Вели Павле Трајанов од Демократски Сојуз.

Бидејќи процесите досега стигнаа и до врховниот суд, предлагачите на законот велат дека неговото донесување нема да ја попречи постапката, туку напротив, ќе му олесни на судот. Засега, предлог законот има поддршка од 44 пратеници, па за да биде донесен потребна е поддршка од најмалку уште 17 народни избраници.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста