ВМРО-ДПМНЕ со 200 илјади гласови предност пред СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ би освоиле 200 илјади гласови повеќе од СДСМ доколку сега се одржат предвремени парламентарни избори. Ова го покажува анализата од анкетата на ИПСОС.

Согласно анализата на бројките на следните парламентарни избори би гласале помеѓу 870 до 875 илјади граѓани.

Од нив за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 355-360 илјади, за СДСМ 170-175 илјади, за ДУИ 110-115 илјади, за Левица 100-105 илјади, за Алијанса за Албанците 50-55 илјади, а за други партии би гласале 75-80 илјади граѓани.

Ова произлегува од процентите во анкетата според која ВМРО-ДПМНЕ има двојна предност пред СДСМ односно за опозициската партија се определиле 19.7% од испитаниците, а за владејачката 9.5%.

Според истата анкета 58% од испитаниците не го поддржуваат францускиот предлог за надминување на спорот помеѓу Македонија и Бугарија. Поддршка дале 26%, а одбиле да одговориле 16%.

36 отсто од испитаниците дале оценка 1 за досегашното работење на Димитар Ковачевски како премиер на Република Македонија. Двојка дале 15 отсто од испитаниците, тројка –  20%, многу добар е премиерот сметаат 11% од испитаниците, а дека е одличен – 8%.

Инаку, ова е теренска анкета спроведена од агенцијата ИПСОС, за потребите на ВМРО-ДПМНЕ, на јавното мислење на 1.014 испитаници за периодот од 01 до 18 јули 2022 година.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста