ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за Георгиевска од СДСМ – претседател на Комисијата за изборите и именувањата

Претседателката на Комисијата за избори и менувања од СДСМ, Марија Ѓеорѓиевска работела неделовнички и против уставно – поради ова, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ  поднесе интерпелација за нејзината работа, бидејќи предлогот за уставни судии го доставила без завршена работа на собраниското тело.

Тие уставни судии што им одговараат, ги поднесуваат на гласање без да биде воопшто завршен процесот на дискусија на самата седница каде што именуваната Марија Георгиевска не ја закажуваше цели десет месеци до пред некое време. Тоа е спротивно на членот 128 од Деловникот, каде што е точно наведено дека работното тело заседава и откако ќе заврши седницата подготвува извештај и записник за тоа што се одлучило на самото работно тело, а оваа седница на Комисијата за избори и именувања не е завршена, рече Aнтонио Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателката на Комисијата обвини дека ВМРО-ДПМНЕ со поднесената интерпелација да предизвика уставна криза.

Јас како претседателката на Комисијата го известив претседателот на Собранието дека за двајца предложени кандидати за уставни судии телото веќе со мнозинство гласови има изгласано за двајца кандидати за уставни судии и дека истите можат да продолжат во понатамошна постапка.Во Комисијата се води дискусија или расправа за секого поединечно и исто така за секој предлог посебно се гласа – рече Георгиевска.

Со значително помал интерес на пратениците да присуствуваат на седницата, Собранието претпладнето во полупразна сала ја продолжи 88. Седница, на која се дебатира за избор на Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева за уставни судии. Според пратениците од опозицијата ваквиот начин на избор на уставните судии, кој наликувал на местење тендери, ќе предизвика уставна криза во земјата.

Додека ВМРО-ДПМНЕ предупредува за нелегитимен процес, од СДСМ се уверени дека самата опозиција, дала легитимитет на изборот на уставни судии со тоа што се пријавени 28 пратеници за збор.

На комисијата за прашања на изборите и именувањата имаше девет предлози за уставни судии, три од владејачкото мнозинство и шест од опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ и левица претходно, бараа да биде повлечена точката за избор на уставни судии, но тоа не беше прифатено од владејачкото мнозинство.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста