ВМРО-ДПМНЕ му порачува на Премиерот и власта дека кривично ќе одговараат за прифаќање на францускиот предлог

Прифаќањето на францускиот предлог и ставањето потпис на Протоколот е предавство и потчинување на Македонија, за што премиерот Ковачевски и власта кривично ќе одговараат. ВМРО – ДПМНЕ веќе два дена укажува на тоа дека доколку се случи ова сценарио, Владата ќе подлежи на кривична одговорност, веројатно повикувајќи се на Членот 308 од Кривичниот законик кој предвидува и 5 години казна затвор за оној што ќе ја стави државата во положба на поттчинетост во однос на друга држава.

Граѓанин на Република Македонија кој ќе ја доведе Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава, ќе се казни со затвор најмалку пет години, стои во Членот 308 од Кривичниот законик.

101 година затвор, Ковачевски, Османи и Маричиќ „добија“  од УМС на ВМРО – ДПМНЕ кои преку перформанс пред Собранието ги осудија за тоа што ја довеле државата во потчинета состојба.

-Во име на граѓаните на Република Македонија судот на народот ги осудува на 101 година затвор за лицата Димитар Ковачевски, Бујар Османи и Бојан Маричиќ заради злоупотреба на својата позиција со цел доведување на Република Македонија во потчинета положба. Овие лица преку своите дејствија трајно ги нарушуваат преговарачките позиции на државата и работеле спротивно на државните и националните интереси, прекршувајќи ги Уставот и законите во Македонија, рече Јана Марија Стефановска.

Според експертите, доколку се потпише протоколот со Бугарија кој според она што е објавено до сега од страна на бугарските медиуми задира директно во идентитеот и не става во положба на потчинетсот, тогаш има правна основа да биде исполен членот 308.

Доколку се превезме одговорност и доколку се потпише Протоколот и преземеме одговорност од наша страна ќе треба нашите учебници да ги даваме на ревидирање на  Бугарија, тогаш да може да се одговара по член 308  тогаш нашиот образовен процес во целост ќе биде потчинет на волјата на Бугарија, односно без согласност од Бугарија ние нема да можеме да го ревидираме сами нашиот процес што е едно од обележјата на една држава. Во таа смисла кривичниот законик теоретски го покрива тоа деание, но колку во пракса ќе се примени ќе видиме, вели за Алфа Јанаки Митроски.

Власта упорно го крие протоколот и единствените информации достапни се од само од тоа што објавија бугарски медиуми. Според нив, протоколот ја прави историјата услов во преговарачкиот процес, каде се бара, меѓу другото, менување на учебници и менување на обележјата на спомениците.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста