ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА апсолутни победници во Тетово, СДСМ ќе има градоначалници во Маврово-Ростуша и Центар-Жупа

Владата на Ковачевски и Ахмети го изгуби легитимитетот кај Тетовци . Според вчерашните избори, јасно се гледа расположението на народот, тие повеќе не веруваат на актуелните политики и го одбраа правецот на опозициските партии.  Шест партии влегуваат во Советот на Општина Тетово.  Според прелиминарните резултати од ДИК партијата БЕСА освои 12 советници, ДУИ 11 , ВМРО- ДПМНЕ 4 , СДСМ 2 и Алтернатива и ДПА по еден советник.   Излезноста на изборите за советници во Тетово беше 33.4 отсто, а, во однос на гласовите, Беса освои 9.620, ДУИ – 8.702, – ВМРО-ДПМНЕ – 3.332, СДСМ – 1.953, Алтернатива – 1.118 и ДПА – 1.058.

ВМРО- ДПМНЕ иако има помалку гласови поради излезноста, го зголеми процентот на освоени гласови. Опозицијата и власта се на иста разлика во советнички места, но СДСМ го намали бројот на гласови.   Односот на гласови помеѓу ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ во Тетово е два спрема еден, во советници е четири спрема два , ако тоа се преслика на ниво на Македонија  , во моментов ВМРО- ДПМНЕ би имала 55 пратеника, а СДСМ 27 со цела коалиција за што се потребни итни парламентарни избори , велат од ВМРО – ДПМНЕ, кои побараа превремени парламентарни избори веднаш.

Исто така треба да се каже дека за жал Ковачевски може да победува само исклучиво кога е единствен кандидат. Единствен кандидат беше Зоран Зев за претседател на СДСМ и доби 99 проценти гласови, единствен кандидат на предлог на Зоран Заев за претседател на СДСМ беше Ковачевски и доби 99 проценти од гласовите, и вчера прогласува победа која што не е негова. Победата во Центар Жупа е на Демократската партија на Турците, а Ковачевски е само споредна улога која што сака да се качи на бранот на таа победа, Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Според првичните резултати  од вчерашните избори , градоначалник на Маврово- Ростуше е кандидатот од СДСМ  Медат Куртовски со освоени 60.5 % од гласовите, а во Центар Жупа единствениот кандидат, старо – нов градоначалник  Аријан Ибраим од  Демократската партија на Турците во Македонија Според СДСМ овие резултати биле потврда за исправните и вистински политики кои ги спроведуваат

Граѓаните испратија силна, јасна и недвосмислена порака: сакаат напредок, развој, европска држава и европски вредности. Граѓаните во тешки времиња знаат да препознаат дека СДСМ и европската коалиција го држат вистинскиот правец и ги спроведуваат вистинските, европски политики. Политики за напредок, развој, економски раст, повисоки плати, на одговорност и посветеност, рече Богданка Кузеска од СДСМ.

Вонредните избори во Тетово вчера се одржаа по владината одлука во мај да се разреши Советот откако не успеа да го изгласа Буџетот на Општината, додека во Маврово- Ростуше и Центар Жупа ова беше трет обид да се изгласа градоначалник откако претходно немаше цензус.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста