ВМРО-ДПМНЕ: Законите кои СДСМ и ДУИ сакаат на брза лента да ги изгласаат го дерогираат правото и стимулираат незаконие

Законите за коридорите кои СДСМ и ДУИ сакаат на брза лента да ги изгласаат го дерогираат правото и стимулираат незаконие. Со законските измени кои ги предлагаат СДСМ и ДУИ се овозможува при изградбата на коридорите да бидат обештетени и дивоградбите кои ќе се најдат на трасата, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Законските измени кои ги предлагаат СДСМ и ДУИ овозможуваат буквално да бидат легализирани дивоградби кои сега ќе бидат изградени, само со цел потоа да бидат обештетени. СДСМ и ДУИ стимулираат незаконие и овозможуваат расипничко трошење на народни пари во милионски износ. Со секој обид за своите незаконитости да се правдаат со Бехтел и Енка само покажува колку всушност се заглавени во калта, па незнаејќи како да излезат вмешуваат странски фирми. самите сдс и дуи го минираат проектот за изградба на Коридорите 8 и 10д. И СДСМ и ДУИ со својата нетранспарентност го загрозуваат јавниот интерес, а тој е највисок, и не може да има повисок интерес, бидејќи граѓаните се тие кои го плаќаат проектот, и тие треба да знаат како се трошат нивните пари“ – се наведува во партиското соопштение.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста