ВМРО-ДПМНЕ: Главен проект на СДСМ и ДУИ е судство отворено за криминал како пупка

Само во Македонија мафијата си има своја држава, затоа што има судство кое СДСМ го отвори како пупка, реагираат од ВМРО ДПМНЕ раководствата на судството и обвинителството 6 години е под јеремот и партискиот чекан на СДСМ и ДУИ, велат од опозициската партија и додаваат дека во Македонија челните луѓе на судството даваат оставка на свирка од партиските штабови на „Бихаќа“ и „Речица“ и затоа имаме неказнет криминал.

Од ВМРО ДПМНЕ прашуваат Што стана со туцето на пари мито на Ден Дончев? До каде е случајот со софтверот на Драги Рашкоски? Поради кои политички монтирани случаи е наградена Добрила Кацарска?


„Како тоа во Македонија ниту еден голем криминалец не лежи во затвор? Како тоа се застаруваат случаи во фиока додека невини има по затворите. Нема оправдувања. Судството и обвинителството се урнисани за да тече криминалот на ДУИ и СДСМ“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста