ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ја достави иницијативата за референдум – Џафери го нема за да ја прими

Преку пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, иницијативата за реферндумско изјаснување околу договорот со Бугарија денеска пристигна во Собранието.

– „Можам да информирам дека се собрание некаде повеќе од 650 потписи за е повеќе од половина час и како што најавивме, еве денеска ќе ја доставиме иницијативата до собранието. Се надевам дека претседателот на собранието нема да користи некои негови познати методи и дека уредноста на иницијативата ќе биде утврдена и истата ќе почне со процедура во собранието онака како што е налага и деловникот за работа и законот за референдум и другио форми на граѓанско изјаснување. – Изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицески.

Сега на потег е спикерот Талат Џафери, кој според собраниските служби, не ја примил иницијативата затоа што во моментов не се наоѓа во Македонија. За јавноста е нејасно кога успеа Џафери да ја напушти државата, бидејќи изутрната присуствуваше на свеченост во универзититетот ФОН, а веднаш потоа се сретна и со италијанскиот претседател Матарела.

– „Претседателот Џафери уште ја нема примено иницијативата. Тој е надвор од државава. Во моментот кога ќе ја прими, ќе Ве информираме на време.“ – Информираат од кабинетот на спикерот.

Запрашан за евентуални блокади од страна на спикерот Џафери, координаторот Мицевски вели дека обрнале особено внимание за тоа да не се случи, а се потпираат и на дел од пратениците од кои се дел од владеачкото мнозинство.

– „Ајде да дозволиме да помине, затоа што навистина внимававме со самото прашање и внимававме на кој начин ќе биде правно формално напишана и доставена до собранието. Доколку не го помине првиот филтер, се надевам на свеста на пратениците од владеачкото мнозинство затоа што гледаме дека не сите пратеници од владеачкото мнозинство гласаа и зза францускиот предлог се надевам дека има уште национално освестени пратеници кои ќе дадат подршка, затоа што на крај на денот, ако оваа иницијатрива е неуредна, ќе треба да се изјаснат пратениците на пленарна седница.“- Истакна пратеникот Мицески.

Прашањето на референдумот треба да гласи „Дали сте за престанок на важењето на законот за ратификација на договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, објавен во службен весник на Република Македонија број 12/2018 од 18.01.2018 година?“.

ВМРО-ДПМНЕ неодамна во Државната изборна комисија ја поднесе иницијативата за референдум за укинување на договорот за добрососедство со Бугарија. Побара со референдумот, на еден трошок, да се организираат и предвремени парламентарни избори.

Доколку спикерот Џафери не ја отфрли иницијативата, слледен чекор е изјаснување на надлежните собраниски комисии кои треба да утврдат дали иницијативата е уредна.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста