ВМРО-ДПМНЕ бара да му се одземе имунитетот на Адеми за да биде кривично гонет

Собранието да му го одземе пратеничкиот мандат на Арбр Адеми од ДУИ повчерашното дивеење во комисијата за европски прашања. Пратеничката група на ВМРО –ДПМНЕ остро реагира дека однесувањето на Адеми ја руши демократијата во законодавниот дом, а за недозволеното поведение треба кривично да одговара. Го повикаа и Јавното обвинителство да реагира за случката во која Адеми фрлаше филџани и шишиња по пратениците кои не дозволија гласање на дневниот ред и физички го нападна пратеникот Антонио Милошоски.

-Јавноста виде дека вчера на Комисијата спротивно на Деловникот, Арбер Адеми се обиде да заклучи дневен ред иако имаше пријавено пратеници кои истиот сакаа да го надополнат. Тој ги оневозможи пратениците Снопче, Азири, Стојановска, Милошоски, Петрушевски да го искористат деловничкото право да предложат други точки, пред истиот да биде усвоен. Кога беше спречен од колегите пратеници тој се изгуби тотално почна да навредува, да влече и удира, да уништува инвертар, па дури и намерно да фрла цврсти предмети од кои еден го погоди колегата Азири директно во главата. Основот за ова насилие е носење на закон за противправно продолжување на мандатот на Кацарска судиите и Русковска обвинителите кое владеачкото мнозинство се обидува шверцерски да го протурка. Ова веќе ги преминува сите граници, ова веќе е класичен пример за кривично дело. Повикуваме Јавното обвинителство да реагира, а во исто време бараме да се симне имунитетот на пратеникот Арбер Адеми и да одговара за насилството во законодавниот дом, вели Стојановска.

А Адеми кој не само што кршеше се пред него и упати пцовки до колегите пратеници, денеска се каел за стореното. Но наместо да понесе одговорност за дивеењето во собраниската сала, се правда дека бил испровоциран…како да говори за некој друг, а не за себе, Адеми вели дека ваквите случки не требало да се повтори никаде.

– Жалам за ваквите сцени и очекувам ваквите моменти и ситуации да не бидат поттик за судир во Собранието. Реформската агенда на ова парламентарно мнозинство, но и на Владата мора да продолжи, не смееме да станеме плен на нивните провокации кои се во функција на реализација на странски агенди за дестабилизација на државата но и за дефокусирање на граѓаните и на пошироката јавност од интеграциските процеси, рече Адеми.

Хаосот во собраниската комисија се прелеа и на социјалните мрежи. Граѓаните гневно реагираат за однесувањето на народните избраници, а уште повеќе што насилството стана се почеста слика во собраниските клупи. Ама не само осуда,членови на ДУИ кои се владини функционери го поддржаа однесувањето на Адеми.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста