Властите слават, работниците жалат, Пендаровски молчи – Ќе стави ли потпис на законските измени за „Бехтел и Енка“

Пендаровски помеѓу два огна, дали ќе ги почитува правата на граѓаните или пак ќе тргне кон задоволување на личните апетити за нов претседателски мандат? Собранието ја донесе конечната верзија на законите за Бехтел и Енка, сега на ред е претседателот. Дали Пендровски ќе си остане на ставот дека нема да потпише закони кои ги кршат правата на работниците, како што самиот кажа, или пак потпис ќе стави, за како што се шпекулациите, да ја смири топката со СДСМ и да ги добие ДУИ на своја страна за повторно да влезе во трката за прв човек на државата? 

Прашањата оставуваат отворени бидејќи од кабинетот на Пендаровски велат дека тој прво ќе ги разгледа законите кои вчера пристигнале, па потоа ќе одлучи.

  • Вчера попладне во кабинетот на Претседателот се пристигнати законите. Во следните денови ќе бидат разгледани од Претседателот и ќе биде донесена одлука за тоа дали и кои укази ќе бидат потпишани. Бидејќи се повеќе закони, ќе треба неколку дена Претседателот да ги разгледа со својот тим – велат од кабинетот на Пендаровски.

 За власта пак изгласаните закони се можност за побрза и поевтина изградба на коридорите. Премиерот нема да му се мешал во одлуката на Пендаровски но и натаму тврди дека  „Бехтел и Енка“ се најдоброто решение за изградба на автопатите.

  • Никогаш не ги прејудицирам одлуките на претседателот на државата или на претседателот на Собранието, тие се посебни власти во државата. Јас лично зборувајќи во мое име сметам дека се работи за закони коишто се потребни заради изградба и тоа не само на овој проект, бидејќи ако ги погледне законите се работи за усогласување на нашето законодавство за побрзо, поевтино и поефикасно проектирање и изведба на инфраструктурни проекти во патната, железничката, гасната и електричната инфраструктура во државата,“ рече Ковачевски.

Премиерот порачува едно, а синдикатите сосема друго. Доколку Пендаровски сака да ја исполни функцијата прв човек во државата, мора да ги заштити работниците од катастрофалните закони .

  • Доколку сака да биде прв човек во државата и да ги заштити работниците бидејќи тоа се луѓето кои не само што гласаат туку што го полнат буџетот . Не треба да гледа дали е нешто уставно или не туку нека се стави во чевлите на еден работник и ќе види дали е нешто уставно или не Посебниот закон за Бехтел и Енка во кој се предвидуваше дека ќе се гради со 60  часа неделно еднаш падна на Уставен суд . Не само што е против уставно туку е против сите норми и нормативи. Сојуз на синдикати ќе ги оспори ваквите неуставни одлуки, велам неуставни но уставниот суд треба да ја деонесе одлуката, се надевам нема да ја вратиме Република Македонија во феудилазим и робовладетелство“ вели Иван Пешевски од ССМ.

Остра реакција на законите кои по брза лента го поминаа законодавниот дом испрати и „Гласен текстилец“. Здружението го повикува претседателот да не ги потпишува ваквите законски измени на штета на работниците.

  • Ова е враќање во феудалистичко општество и експлоатација на градежните работници. Ова е само еден грозен почеток на злоупотреба на работничките права, со наводно стратешки проект и дозвола за прекувремена незаконска работа, кој почеток понатаму ќе се користи и за останати дејности да бидат квалификувани како стратешки дејности, проекти, интереси, под влијание на разни структури, крупниот капитал, олигарсите, велат од Гласен текстилец.

„Кучињата лаат, а караванот си врви “ –  додека граѓаните и синдикатите вријат по изгласените законски измени, координаторот на проектот на социјалните мрежи не испушти шанса да се пофали. „Пушката топ нека им стане, но ова не застанува“ напиша Груби на видеото кое го сподели на Фејсбук задоволен од ваквиот тек на настаните.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста