Власта ќе воведува „обвинител за вистина“ кој ќе лови дали Македонците кажуваат или пишуваат против Бугарите

Полиција на мислите и Министерство за вистина – Македонија во реалноста ќе ја доживее орвеловата „1984“ доколку се остварат најавите на Бујар Османи.

Тој се пофали дека ќе биде формиран обвинител кој ќе има само една задача – да лови говор на омраза кон Бугарите. Познавачите вчудоневидени – поранешниот обвинител Воислав Димовски смета дека и во овој случај, како и многу пати досега, правото ќе биде жртва на политиката.

  • Мислам дека сето ова е пренагласено, и во рамки на еден поширок контекст, на една претстава која се одвива пред нашите очи, која што нема врска со правото и правдата, туку има врска има во политиката во која што својот дел од улогите ги глумат и од нашата власт, дали министерот за надворешни, дали претседателот.. А од друга страна, својот дел го глумат и во поширок контекст, од бугарска страна. Така што ова е дел од фолкорот од нивната политичка агенда, која не ја кријат, ја кажуваат со рокови, во која улога имаат сите. Правото тука постојано е колатерална жртва..“ вели за Алфа поранешниот обвинител Воислав Димовски.

Македонија и сега ги има сите институции и закони за справување со говор на омраза и дискриминација од каков било вид. Оттука ваквите најави може да послужат само за заплашување на народот.

  • Постојните законски регулативи даваат сосема доволно можност за оној кој што се занимава со било каков вид на дискриминациите да може да постапува. Овие се така да речеме, сензанционалистички изјави кои што немаат своја основа во рамките на праксата правна и.т.н.. Инаку, постојат разно разни основи ан дискриминација, не само на национална, верска.. Најсоодветно е тука да реагираат народниот правобранител и јавниот обвинител но тоа не го очекувам.. “ коментира Димовски.

Специјалниот обивинител односно полицијата на мисли Бујар Османи ја најави во интервју за бугарската БНТ тврдејќи дека тоа бил дел и од протоколот кој беше потпишан лани. Во него тој повеќе се однесуваше како странски медијатор во спорот меѓу Софија и Скопје отколку како министер за надворешни работи на Македонија.

  • Има и други чекори што ќе се преземат. Од посебен обвинител за говор на омраза за кој сега разговараме со обвинителството. Народниот правобранител ќе има канцеларија која ќе се фокусира на овие прашања, ќе дава препораки и ќе презема мерки. Во Министерството за односи со заедниците планираме да имаме и претставник од бугарската заедница кој ќе го следи говорот на омраза“ рече Османи.

Официјана Софија во повеќе наврати се заканува и сака кривична одговорност за луѓето кои изразуваат револт против секојдневните бугарски провокации и отворањето бугарски клубови со спорни имиња.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста