Власта ја крева рампата за извоз на зејтин-граѓаните критикуваат и бараат да се штеди

Македонија ја крева рампата за извоз на масло од сончоглед. Според Владата, одлуката била донесена  поради тоа што  тековното домашно производство на масло од сончоглед редовно го снабдувало домашниот пазар и  има доволно количини.   Ваквата  одлуката за извоз на масло за јадење  граѓаните ја коментираат како нелогична мерка со оглед на недостатокот дома .

По бројните  реакции во јавноста дека потегот да го помогнеме албанскиот пазар,    се повлекува во време на двоцифрена инфлација и енормно поскапување , и Премиерот   Ковачевски тврди дека  ова нема да предизвика дисбаланс на македонскиот пазар.  Според   првиот човек на Владата, залихите во државата немало да ја спуштат цената на маслото бидејќи суровините од кои се произведува маслото се драматично поскапени на светскиот пазар.

Кризата со маслото за јадење во Македонија траеше со недели. Масло не можеше да се најде речиси никаде, а цената онаму каде што го имаше беше и до 130 денари за литар. Податоците на статистика велат дека за еден месец зејтинот поскапел за дури  20 отсто. Граѓаните коментираат дека секојдневно се соочуваат со поскапување, и дека токму маслото за јадење е најскапо.

Дека Македонија живее, во, економски,  можеби најлошиот период, покажуваат и бројките. Земјава зачекори во зона на двоцифрена инфлација, или, денес сме посиромашни за 10.5 проценти, во однос на април лани, додека основните потреби на едно четиричлено семејство чинат 4.128 денари повеќе од минатата година –  Минималната синдикална кошничка во април изнесува 38.104 денари и е зголемена за 1.337 денари во однос на минатиот месец.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста