Власта стави параф на договорот со Бехтел и Енка и покрај сите сомнежи за надзорот

Најавени нови 110 километри автопат бетонирани со многу сомнежи. И покрај алармите во јавноста за матна позадина за изборот  на компаниите  за градба и надзор, Владата стави печат на договорот за изградба на коридорите 8 и 10  вреден 1 милијарда и 300 илјади евра . 

Наредниот месец треба да започнат да се градат делниците Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани , Прилеп – Битола, а на средина на декември и делницата Требеништа – Струга – Ќафасан .  Владата се пофали дека договорот е историски чин .

Северна Македонија е природна крстосница, низ која поминуваат двата европски Коридори 8 и 10. Токму ваквата стратешка позиција на Балканот, нѐ прави да сме клучна точка за транзиција, од една страна, како порта за Европа, од друга, преку поврзувањето на Црното со Јадранското море, рече Ковачевски

Новинарите пробуваа два часа да добијат разумен одговор зошто во делот на надзорот е избрана и фирма која се поврзува со лицето Бранислав Димитријевиќ кој е под истрага на обвинителството во Ерменија за коруптивни зделки за авотпатишта. Но, наместо конкретни одговори, вицепремиерот Артан Груби демонстрираше дрскост, па дури и бараше извинување од новинарите оти наводно го навредиле. Се правдаше дека не знаел кој бил сопственик на фирмата:

Нема да одговорам дури не ми се извините. …. Не ставајте етикети

-Јас сум вицепремиер во Владата, постапката е водена од ЈПДП. Како може јас да знам кој било да е сопственик, кога немам допирна точка со таа постапка, рече Груби

Целиот случај отвори сомнеж, откако тендерските услови се сменија безмалку во пет до дванаесет со што се отвори можност на нив да учествува шпанската Ептиса но и Енерго солушн као дел од конзорциумот. Претходно за Ептиса од Владата имаше одлука да не може да учествува на тендери вредни над еден милион евра, но сега тоа се промени. Надлежните се правдаат дека постапката сега била целосно според закон

За изборот на овој надзор можам одговорно да тврдам дека е според закон за јавни набавки, рече директорот Ејуп Рустеми .

Од самата компанија пак на иста линија со Владата, кажаа  дека лиццето не било дел од конзорциумот кога се склучувал договорот.. Предвидено е делниците истовремено да се проектираат и градат.  Финансирањето на проектот е од Буџетот на државата.  Покрај парите за изградба, предвидени се и 300 милиони евра за експропријација на земјшта. 

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста