Власта се фали со успеси, народот незадоволен на улица: На улица излегоа и млади и стари, во борба за подобро утре

Власта се фали колку била успешна, народот, и млади и стари, незадоволни на улица. Во само десетина дена на протести излегоа медицински персонал, културни работници, а незадоволство покажаа и пензионеритe, но и студентите и средношколците. И денеска пред Владата беа вработените во Министерството за култура. Изразуваат незадоволство од платите кои ги земаат.

-Во Министерството за култура повеќе од 70 проценти, односно во управата за заштита повеќе од 90 проценти земаат под просечната плата, што значи дека во просек платата на вработените е околу 25.000 денари. Значи ние бараме аналогно на покачувањето на платата на колегите од Министерството за финансии и на вработените во овие институции.

Незадоволстово беше изразено и поради смртта на шестгодишната Јана. Со транспаренти болниците ни се гробници, запазени сите протоколи за смрт, ако немаш пријател- умри си, Јана стана ангел чувар на сите други деца, на плоштадот Магнолија излгеоа битолчани и му дадоа оддршка на смејството Христовски во потрагата по вистината за прерано згаснатиот живот на нивната ќерка.  

На улица излегоа и повозрасните. Причината е изборот на претседател на Здружението на пензионери. За актуелната Станка Трајкова, дел од највозразнисте сметаат дека е блиска до власта, и бараат изборот на нов лидер на пензионерите да биде потранспарентен.

-Тука сме да го искажеме незадоволството за работењето во СЗПМ и здруженијата на пензионери и бесмисленото и недомаќинско трошење на парите на пензионери од членарината.

Покрај највозрасните на улица незадоволни се појавија и младите. Студентите и средношколците го изразија својот револт од политиките на власта кон оние кои треба да бидат иднина на државата.

-Целта на овој протест е немање слух на владата за нашите проблеми.

Незадоволството на народот го почувстува лично и премиерот Димитар Ковачевски. При последното пазарање во присуство на сите медиуми, една пензионерка го праша како да се преживее со пензија од 200 евра месечно.

-Со 12.000 ве молам кој може да преживее денеска.

-Пензиите ние кога дојдовме како Влада, прва работа беше да ја зголемиме методологијата за зголемување на пензиите.

-Вака да ви кажам, цениве се до плафон, значи со два денари макарони и јајца денар на 99 денари, сега ги замрзнавте цените. Значи што е тоа поевтино? Значи стварно некако многу тежок дојде животот, па ниту лекарства може да купиме ниту…

-Прво точно е дека цените беа многу зголемени, затоа што има војна во Европа се води и секаде се зголемени.

Овие се доаѓа во период кога власта се обидува да ја продаде тезата колку успешно работи. Владиниот ПР во моментите додека народот излегува на улица, колку голем успех било членството во НАТО и дека народот многу полесно живее бидејќи се замрзнувале цените на основните прехранбени продукти.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста