Власта не сака да слушне за референдум за францускиот предлог- дали постои страв од резултатите?

Владејачките партии не сакаат да слушнат за референдум за францускиот предлог. Големото незадоволство кај народот очигледно ја тера власта на секој можен начин да избегне директер судир со луѓето околу ова прашање. И самиот премиер Димитар Ковачевси запрашан дали би документот на Макрон би станал референдумско парашање, одговори дека ќе одел само во Собранието.

-Ова е предлог кој што ќе оди во Собранието согласно со уставното уредување на нашата држава. Односно го одобрува Владата, го разгледува и Собранието. Ние како држава сме се определиле дека сакаме и стратешка цел на сите нас е членство во Европската Унија, изјави Ковачевски.

Додека Ковачевски, СДСМ и ДУИ се категорично против референдум, коалициониот партнер во власта Павле Трајанов, порачува дека референдум е единствениот начин за одлука за францускиот предлог.

-Целиот пакет, вклучително и протоколот, треба да се објави во изворна(оргинал) форма и да се преведе на македонски јазик за да може секој граѓанин да изгради свој став.Неопходна е широка расправа во општеството, потоа во Парламентот и за ставот што ќе го изрази Парламентот, да се изјаснат граѓаните на референдум. Се работи за стратешки и национални прашања за кои треба поширок консензус, изјави Трајанов.

Која е причината поради која власта одбива да оди на референдум можеме само да погодуваме. Но, сигурно една од причините е дека на евентуален референдум тешко е да се очекува дека граѓаните би кажале да за ваквиот предлог. Да потсетиме оваа власт организираше референдум и за договорот со Грција, кој иако на крајот беше неуспешен, Македонија си ја доби кованицата Северна.

-Согласно утврдениот резултат од гласањето на референдумот 2018-та година, одлуката не е усвоена, порача поранешниот претседател на ДИК.

Дека е потребен референдум порача и поранешниот пратеник на СДСМ Ферид Мухиќ. Додека многумина го бараат тоа, министерот за надворешни работи Бујар Османи, дури ни порача и дека Владата можела сама да одлучи, дури и без да го праша Собранието.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста