Власта мора да си оди откако ја стави Македонија во потчинета состојба

Власта ја доведе Македонија во потчинета положба во однос на Бугарија. Само поради ова мора да си оди, сметаат дел од експертите според кои лошата надворешна политика резултирала со ваков катастрофален предлог – не се криви ниту Софија ниту Брисел, туку властите во Скопје.

„Тие документи кои ни ги предложи ЕУ водат во директно претворање на Македонија во Бугарски протекторат. Македонија е фрлена во прегратките на Софија. Тоа е долгорочен процес на бугаризација на македонскиот народ.“ – Вели поранешниот дипломат и аналитичар Ристо Никоски.
Владата и парламентарното мнозинство го немаат потребниот легитимитет да одлучуваат за крупни прашања. Експертите согласни, за ваква одлука, Уставот е јасен. За членство во меѓународни сојузи одлучува народот на референдум.

„Според уставот наш, за да се влезе во сојузи какви што се НАТО и ЕУ мора да има референдум, и тоа многу јасен. Сте за членство или не сте. Македонија немаше таков референдум ниту за НАТО, ниту има сега за ЕУ. Според тоа, се што прави власта без согласноста на народот, нема легитимитет и тоа е грубо кршење на уставните одредби.“ – Појасни Никовски.

Оваа владеачаката гарнитура нема легитимитет од првиот ден од кога е дојдена. Таа е без легитимитет за било што да одлучи уште од 2017та, тврди политичкиот аналитичар и поранешен амбасадор, Ивица Боцевски.

„Имаме премиер што никогаш не бил избран. Не бил не ниту една листа. Имаме лоша ситуација во Македонија, каде што веќе се протна еден документ, преспанскиот договор, што беше јасно отфрлен од Македонскиот народ. Сега имаме уште еден документ, кој ја донесе нацијата на ивица на внатрешен судир. Судирот знаеме кој го направи. Тој што лажеше дека не преговарал, а преговараше. Тој што ќе го потпише протоколот, што поддржува бугаризација преку асимилација. Тој што ја претвори Македонија во бугарска колонија.“ – Вели Боцевски.

Против францускиот предлог се крена речиси целата академска јавност – дури и оние кои до неодамна важеа за поддржувачи на актуелната власт – сите сметаат дека Македонија не смееше да си го дозволи ова /– со ваква преговарачка рамка никогаш нема да станеме членка на Европската Унија зашто Софија доби сила и можност да не блокира кога ќе посака и тоа со поддршка на Брисел.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста