Власта и опозицијата во костец за коридорите, пратениците утре на координација кај Џафери за „Бехтел и Енка“

Дали кога и на кој начин пратениците со безбедносен сертификат ќе го видат контроверзниот договор со Бехтел и Енка најверојатно ќе се знае утре. Собранискиот спикер Талат Џафери ќе се обиде утре на иста маса да ги седне координаторите на  пратеничките групи, па да се договорат
на која комисија ќе биде презентацијата на најскапиот капитален проект во државава. Во меѓувреме и за време на празничниот викнед не запираат превирањата меѓу власта и опозицијата. ВМРО – ДПМНЕ, велат дека Артан Груби признал оти недонесените законски измени ќе чинат милионски пенали, а тие имаат план како да ги надоместат.

Артан Груби признава дека по штетниот договор потпишан од крими владата на ДУИ и СДС, ќе се плаќаат пенали во вредност од 100-тици милиони евра, реагира денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Првиот вицепремиер пак топката ја фрли кај опозицијата.

Блокирањето на законите ќе било причина автопатите да чинат 150 милиони евра и две години повеќе . Во објави на социјалните мрежи, Груби и денеска го правда договорот дека ќе се обезбеделе најмалку 51 отсо домашни ресурси .

Во Косово над 70 отсто од вработените биле локални, додека во Албанија и Србија околу 50 отсто. Првичните прогнози, по анализата на пазарот, се дека и кај нас ќе биде ангажирана целата расположлива работна сила, по можност и над 70%.

Строго ќе се почитуваат сите права и обврски предвидени со законот за работни односи и другите закони, вели Груби
Додека целата јавност бара одговори за тоа што потпишала Владата,

во одбрана на Договорот преку видео обраќање се јави и Премиерот. Ковачевски со иста реторика , договорот ќе донесе огромни економски поволности

10 дена откако официјално требаше да стартува изградбата на коридор 8, на терен не е поместен ни камен, а Македонија веќе го „ олесна“ трезорот за 117 милиони евра авансна исплата.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста