Власта да обезбеди пласман за преспанското јаболко, бараат овоштарите

Државата предвреме и долгорочно да обезбеди пласман за преспанското јаболко од најмалки 5 до 15 години,во спротивно близу 3000 семејства кои егзистираат од производство на овој земјоделски производ, ќе останат без корка леб.Откако лани во месец ноември се спушти рампата за извоз на македонско јаболко на рускиот пазар,а поради војната го изгуби и укранскиот,овоштарите се доведени во крајно безизлезна ситуација,бидејќи ова беа нивни единствени странски пазари, посебно рускиот. Осумдесет проценти од населението во Преспа живее исклучиво од производство на јаболка и ние сме принудени да бараме алтернативни решенија бидејќи цената на јаболкото на нашите пазари е многу ниска и работиме со загуби-вели претседателот на преспанските овоштари, Љубе Пампулески.Од овие причини,годинава додава тој се намалува обработувањето на јаболкови насади.

Поради економска неможност дел од овоштарите веќе не ќе можат да ги одгледуваат, задолжени со одредени кредити во домашните банки и не се во можност да продолжат со производството на јаболко”- вели Љубе Пампулески.

Верни на традицијата остануваат овоштарите кои и покрај длагоката старост,во 7-мата деценија од животот не се откажуваат од јаболката.

Но помладите генерации гледаат да изнајдат поразлични начини за обезбедување на финансии,во ИТ технологијата,но за жал и покрај сето тоа излезот го бараат во иселување од државата.Во моментов сме доведени во една тешка ситуација и тука веќе нема можност да заработат, да можат да продолжат да живеат во нашата држава.Не само за овој регион, за цела држава ќе биде погубно, ова го збориваме подолг временски период тоа ќе значи многу високи цени на земјоделските производи”-вели Љубе Пампулески.

Пампулески кажа дека се обиделеда го пласираат нашето јаболко на египетскиот пазар,но заради административни проблеми не успеале-сега вели ќе се вртиме кон останатите северно африкански земји, како Тунис и Мароко.Иако од производство на јаболко државата остварува сериозен девизен прилив, наместо да покаже  интерес да ни помогне, власта не игнорира.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста