Власта го криеше, опозицијата го објави, францускиот предлог ги содржи сите барања на Бугарија освен за јазикот

Власта го криеше, опозицијата го објави. Политичкиот врв не кажуваше ни збор за францускиот предлог, кој инаку предивува, Бугарија и натаму да си поставува нови барања кои ќе влезат во преговарачката рамка. Претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика Милошоски, објави дека процесот на Стабилизација и асоцијација кој досега беше засебен, ќе стане дел од Преговарачката рамка со ЕУ и преку него источниот сосед ќе вметнува нови услови кој може да не блокираат на секое поглавје. Предлогот на Макрон предвидува Преспанскиот договор, договорот со Бугарија и записниците од мешовитата историска Комисија да влезат во преговарачката рамка.

На Македонија и се отвара уште едно малцинско прашање (читај повторно отварање на Уставот) кое ќе биде нов услов, од кој ќе зависи кога ќе се одржи првата меѓувладина конференција. Ковачевски, иако тврди дека не бил во тек со преговорите, овој текст го имал на увид уште пред неколку недели, но со министрите Бујар Османи и Маричиќ неуспеале да го заштитат основниот принцип за кој се залагаа многу пријатели членки на ЕУ, и кој И одговара на Македонија, а тоа е билатералните договори да не стануваат дел од рамката за преговори – напиша Милошоски.

Дел од медиумите објавија и други детали од предлогот. Повикувајќи се на високи дипломатски извори пишуваат дека со него фактички се прифаќаат сите барања на Бугарија, освен барањето за непостоењето на македонскиот јазик. Прашањата што се поврзани со образование и историја се изедначуваат со прашањата што се од фундаментално значање на ЕУ, поглавјата 23 и 24 што се однесуваат на човекови права и владеење на правото.

Тоа значи дека барањата на Бугарија за негирање на македонскиот идентитет до 1944 година влегуваат во преговарачката рамка меѓу ЕУ и Македонија, а гаранциите што Софија ги бара од ЕУ ќе се ефектуираат со мониторирање од Европската комсија која ќе следи како ќе се одвиваат билатералните преговори меѓу Македонија и Бугарија.

Ова буквално би значело дека Бугарија ќе може во секој момент да стави кочница за на евроинтергративниот процес.

Нашите власти со денови тврдеа дека не знаеле што содржи предлогот од Париз, но денеска шефот на дипломатијата конечно потврди дека сепак биле информирани за делови од неговата содржина.

Наша задача е да ги имаме сите информации пред да излезат, да ги имаме сите канали по кои ќе дојдат тие информации. Треба земјите членки да ги усогласат нивните ставови, па потоа да кажеме ние што имаме и дали се согласуваме или не – изјави Османи.

Претходно и претседателот Пендаровски, премиерот Ковачевски, и министерот Османи не знаеја што содржи тој документ, бидејќи бил испратен до ЕУ членките а не до нас.

Ние во Скопје тука немаме видено француски предлог. Ние разговараме со нашите бугарски колеги и за тие разговори одвреме навреме сте информирани од МНР – изјави Пендаровски.

Францускиoт предлог за кревање на бугарското вето сè уште не е пристигнат во Скопје, а би пристигнал дури откако земјите членки на ЕУ, вклучително и Бугарија, ќе се усогласат – изјави Ковачевски.

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски уште вчера предупреди дека доколку францускиот предлог предвидува вметнување на бугарските позиции во преговаачката рамка тоа би било капитулација за македонската диплломатија.

„Тоа е класичен нокаут. За мене уште поголем нокаут е лицемерната политика. Затоа што денеска покрај овој нокаут за македонската дипломатија, слушам уште еден преседан, а тоа е да се уценува Македонија земја кандидат – изјави Мицкоски.

Во Бугарија францускиот предлог веќе се разгледува во Собарнието на Комисијата за надоврешна политика. Кај нас никој ништо не кажува.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста