Власта ги извиси работниците, ветувањето за повисоки плати „го изеде“ високата инфлација

Пропадна владиното ветување за повисоки плати на работниците. Иако ветија, јавната администрација со ребалансот на буџетот нема да го добијат линералното зголемување на платите од 2.806 денари, рече министерката за труд и социјала Јованка Тренчевска. Но ако е за утеха, рече дека тврди дека се работело на нова методологија и системско решавање на платите.

Новата методологија, како што посочи Тренчевска, ќе значи постојан раст на платите на јавната администрација и ќе го следи растот на инфлацијата и растот на просечната плата во државата, а новиот закон за плати во јавната администрација и новиот колективен договор ќе се уредуваат со дополнителни права на јавната администрација.

  • Барањето од 2.806 денари не е предвидено со новиот ребаланс затоа што зборуваме за градење на систем. Во ребалансот е влезен К-15 за 2022 кој не го побараа синдикатите, а ние велиме ќе обезбедиме К-15 и нова методологија која ќе се применува од 1.1.2023 година, децидна е министерката Тренчевска.
  • Да немаме ад хок решение туку градење на систем кој е траен и одржлив, а токму тоа и го нудиме, додаде министерката за труд и социјала.

И додека власта смирено вели дека пари нема, Синдикалците се видно револтирани што Владата ги излажала за покачување на платите. Велат дека е  срамно што ниту вработените во Армијата, полицијата и во здравството не го добиле побараното покачување.

Од друга страна високите цени на производите, но и растот на инфлацијата од 14,5%, го дотепа и онака ослабениот стандарт на работниците, реагираат Синдикатите.

Синдикалната минимална кошница за јуни се искачи на 39.710 денари, и од јануари до сега таа е зголемена за 3.400. За само една година трошоците пораснале за високи 5.500, денари односно 16%.

Инаку, Синдикатот веќе подготвил тужба против државата која ќе биде доставена до Советот на Европа, преку меѓународната организација на труд.

  • Со истекот на последниот рок за властите да ја сменат одлуката и вработените во јавниот сектор да добијат зголемување на платите за 2.806 денари, синдикалците ја испратија колективната тужба до меѓународните судови. Дополнително тоа ќе го сторат и до домашните судови, но велат дека дома немаат доверба во судскиот ситем и надежите им се дека правдата ќе ја добијат надвор од Македонија, вели Дарко Димовски претседателот на ССМ, и додава дека инаетот на власта ќе предизвика поголеми штети врз државната каса, додава синдикалецот.

Ова следува откако Владата им вети зголемување согласно ребаланост, но тоа пропадна во вода, оправдувајќи се дека прво треба да се мери продуктивноста на работникот.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста