Владиното како приватно: ДУИ злоупотребува државни ресурси за партиски цели

Државното стана партиско. Интегративците службеното го арчат како да е приватно. Им нема крај на расфрлањата народни пари. На настанот во организација на ДУИ и лидерот Ахмети викендов, министрите дојдоа со службени возила. На чело со првиот вицепремиер Артан Груби, министрот за економија, Крешник Бектеши, за финансии – Фатмир Бесими, за образование- Јетон Шаќири ги искористија службените коли. Во составот фалеше првиот дипломат Бујар Османи кој не дојде на промоцијата на книгата „Албанската илегала од 45-99 – претходник на распадот на Југославија“.

Ова претставува класична злоупореба на државни ресурски за лични и партиски цели. Во Упатството за употреба на службените возила јасно е нагласено дека:

  • Службените возила на Министерството се користат единствено за службени потреби, кои се одобрени, оправдани, наменски и рационални и во согласност со целите и делокругот на работата на Министерството, согласно надлежностите“.

Повеќе од јасно е дека настанот во организација на партијата, без разлика дали министрите беа поканети како гости, не дозволиво беше возење со службена кола.

Најголем арч за да дојде направи спикерот Талат Џафери кој дојде со полициска придржуба, што и законски му следува како прв човек на Законодавниот дом.

Ниту на собранискиот спикер ова не е му е прв пат да ја користи колата за да се исполнува партиски активности. Џафери во предизборието 2020 година во Ростуше пристигна на идентичен начин освен со службено возило туку и со обезбедување. За собранискиот претседател спорна беше и партиската функција која ја имаше како член на претседателството на ДУИ.

  • Според член 67, став 3 од Уставот: “Функцијата Претседател на Собранието е неспоива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија”.

Антикорупциската комисија утврди дека Османи ги злоупотребувал службените коли и дека во работно време водел партиска агенда за избори од партискиот штраб во Скопје. Но Грковска само го опомена, бидејќи како вицепремиерка за добро владеење само тоа имала ингиренции. Идентично беше и со првиот вицепремиер Груби кој  ма состанок на ДУИ во Мала Речица допатувал со службено возило.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста