Владата се фали, стопанството се жали – „Отворен Балкан“ не донесе никаков бенфит за транспортерите

Владата се фали но стопанството се жали. Иницијативата Oтворен Балкан сепак не го олесни протокот на стоки и услуги, оценува Стопанската комора. Истражувањата на терен покажале дека најголеми проблеми има на граничниот премин со Србија. Таму секојдневно се забележуваат километарски колони товарни возила, кои за влез чекаат и по неколку часа. Иако Владата помпезно го најавуваше проектот сепак од него не фунцинираа ниту зелените коридори, а поради неусогласеност на системите, превозниците повторно се изложени на двојни проверки.

Имајки во предвид дека на границата со соседна Србија се соочуваат со гужва и чекање на граничниот премин по неколку часа. Перцепцијата на компаниите а и од она што можеше да се утврди при набљудувањето од активностите во рамки на инцијативата „Отворен Балкан“ нема видливо подобрување на состојбите при премин на граничниот премин „Табановце“, изјави Анета Димовска од стопанска комора на Македонија.

Пробелм на „Табановце“ има и со честите прекини на електрична енергија што предизвикува пад на целиот систем па не работат ниту вагите за мерење на транспортните возила. Екипи на ЕВН се веќе одреден период на терен, но поради замена на делови и воспоставување на целосна функционалност на трафостаницата во наредните денови се најавени и подолги прекини на електричната енергија.

Се очекува согласно последни најави што ги имаме од царината дека во наредните неколку денови можеби ќе има и подолготрајни прекини на напојувањето со електрична енергија. Останува барањето на комората во делот на обезбедување на една до две посебни ленти за премин на товарни возила, изјави Билјана Пеева Гуриќ – извршна директорка на стопанска комора на Македонија


И директниот транзит со Албанија не е целосно воведен, што е еден од проблемите во Отворен Балкан за побрзо минување на границите. Од стопанската комора велат дека ќе преземат активности за да се укаже на тоа дека компаниите во пракса не гледаат никакви резултати и придобивки од „Отворен Балкан“.

Бојана Златкова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста