Владата се уште крие што точно и било донирано на Украина

Неколку застарени руски Т-72 тенкови, три или четири Сухои авиони кои последен пат летале во 2003 и толку за јавноста. Власта крие што друго Македонија и донирала на Украина, што може вистински да и помогне, а не да биде застарена опрема која според многумина може да служи само како старо железо во ерата на модерното оружје. Министерката за одбрана само потврди дека владата до сега донела три одлуки за донација на воена опрема и вооружување за потребите на украинската армија, но рече дека што точно сме дале ќе остане како класифицирана информација, односно државна тајна.

-Одлуката која ја донесе Владата апсолутно претставува одлука на суверена и самостојна држава, без оглед на тоа што сме членка на НАТО и сме дел од колективниот систем на безбедност, но Владата сметаше дека во услови кога една друга суверена независна и самостојна држава – Украина е нападната треба да помогнеме водејќи се од општите принципи на самостојност.  Од тие причини мотовирани ја донесовме одлуката за поддршка на Украина во опрема и вооружување, затоа што  Украина е државата коа што беше нападната и која што се брани од агресија, појасни Петровска.

Петровска тврди дека пред да бидат донесени одлуките за донација биле консултирани и од Генералштабот, кој дале потврда дека борбената готовност на Македонија нема да се наруши со поклонувањето на оваа застарена опрема. Засега е факт АРМ сега останува без тенкови, па дури таква единица нема во својата формација. Инаку, повеќето Т-72 тенкови, но и два од авионите Сухои беа набавени токму од Украина за време на конфликтот во 2001 година кога македонската армија војуваше со УЧК.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста