Владата решена да „дрибла“: Најде ли Ковачевски начин да го злоупотреби европското знаменце?!

Владата решена да издрибла. Со цел да го оправда европското знаменце на законите за автопатите, Коридорот 8 ќе влезел на мапата главни коридори на Западен Балкан.

Ова сценарио ќе се реализира во Црна Гора, каде министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, ќе потпише меморандум со кој овој автопат ќе ја добие својата нова улога.

Ова е единствената информација која беше споделена на брифинг со новинарите, дополнителни објаснувања нема, со оглед на тоа што коридорите 8 и 10 и досега беа дел од паневропската мрежа.

Извори од Владата тврдат дека засега нема официјална реакција од ЕУ пристигната, но во Секретаријатот за европски прашања кој го води вицепремиерот Бојан Маричиќ пристигнало писмо преку кое ЕУ бара детално објаснување за проектот, односно како Владата планира да го спроведе

Делегацијата на Европската Унија во земјава  претходно предупреди дека не смее да се злоупотребува европското знаменце, со цел прескокнување на јавната расправа.

-Реков дека секогаш употребата на европското знаменце треба да се направи по претходна вистинска консултација меѓу сите политички партии кога е во прашање усогласување на некој закон со европската легислатива, што во овој случај не е, вели евроамбасадорот Дејвид Гир.

Владата сепак е слепа пред ставот на ЕУ, не ги интересираат критиките, решени се да ги протуркаат овие закони со европско знаменце. Премиерот Ковачевски призна дека овој инструмент се злоупотребува со цел да се избегнат блокадите на опозицијата.

-Во однос на законите за „Бехтел и Енка“ веќе објаснивме нема да дозволиме да има веќе кочење на собранието бидејќи две години има само блокади во Собранието. Граѓаните не им требаат блокади, им требаат европски прашања, вели Димитар Ковачевски, премиер на РМ.

Владата до Собранието достави пет предлог закони поврзани со Коридорите 8 и 10Д, на кои им го залепи европското знаменце и покрај критиките од Европската Унија.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста