Владата на Kовачески пука по сите шaвови – правда, економија, здравство, дипломатија, полиција, клучните сектори во тотален колапс

Правда, економија, здравство, дипломатија, полиција –едни од главните постулати на кои лежи секоја демократска држава, а македонската влада крахира на секој еден од нив. Владата на Ковачески пука по сите шавови.

Најниски оценки за правосудниот систем од светските организации добиваме речиси секојдневно, но реформи во судството нема.  Дури и американците испратија експертски тимови во државава да чешлаат корупцијата, која и натаму е рак рана на системот.

Полесно е да излезеш од затвор отколку да влезеш, а сепак министерството на Спасовски не гледаме дека прави промени во системот. Дипломатијата пак повеќе од 5 години, барем според мислењата голем дел од граѓаните бележи само неуспеси и потклекнувања на барањата на соседите, од промена на името па се до внесување на бугарите во Уставот. Според дел од аналитичарите погрешната политика на Заев, која СДСМ се обиде да ја затскрие со поставуање на ново лице односно Ковачевски, е погрешна и час поскоро треба да замине во политичка пензија.

Владата го изгуби мандатот пред граѓаните и не само тоа туку Владата веќе нема авторитет да владее. Беше јасно дека граѓаните и дадоа не жолт туку црвен картон со локалните избори и понатаму нештата се влошуваа. Беше направен еден маневр со менување на нов премиер кој што беше целосно непознат за јавноста, што е исто така доплнителен проблем бидејќи се знае дека во секое општество лидерската функција треба да ја обавува некој човек што е на врвот на својата политичка, животна, интелектуална и друга моќ, вели Боцевски.

Според експертите, ваква беспарица имало само во 90тите години, но тогаш барем политичката волја за да се помогне на граѓаните и да се поправи еконимијата била голема што сега не е случај.

Здравствениот систем пак во Македонија е посебна приказна, години наназад, особено последниве кога со почетокот на пандемијата на површина излегоа сите недостатоци кои ниту Филипче, ниту пак Сали не успеаа да ги решат, резултат на катастрофалната состојба се последните случувања со набавка на лекарствата за цистична фиброза.

Кризата е сеопфатна, не можеме да изолираме една област каде што Владата има успеси, едноставо само бележиме нешта кои што порано не се случувале во демократската историја на Македонија, еве последно што е една трагична смрт која што не требаше да се случи, лекови да нема, тоа не е затоа што оваа е сиромашна, никогаш Македонија не била толку сиромашна. Лекови нема не само за цистична фиброза туку и за сите ретки и чести болести, само во моментот кога носителот на полтичката моќ што ги набавува лековите се договара со некоја фармацевтска индустрија, коруотивно да го намести тендерот, вели Боцевски за Алфа.

Ваквите неуспеси на Владата, според аналитичарите се резултат на лоша проценка, лични интереси, неискуство и како главен проблем – неказнивоста на корумпираноста на дел од функционерите, затоа барем според Боцевски е потребен рестарт на целиот систем.

Мери Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста