Владата им кажува на новинарите како да работат и им ограничи движење во црквата Свети Спас

Владините службеници им држеа лекции на медиумските работници. Новинарите надвор, снимателите внатре – дел од тимот на премиерот предводен од службеничката Ирена Смилјанска се стави во улога на редари и се обидоа како декор да ги наредат новинарите и снимателите па и да им објасни кој каде смее да биде и што смее да снима.

Во дворот на Свети Спас им беше дозволен влез само на камерманите, а новинарите мораа да останат на платото пред црквата иако беа уредно акредитирани за покривање на целиот настан.

Единствено комплетни беа екипите на МРТВ, државната агенција МИА, но и бугарска национална телевизија БНТ.

Дополнителен скандал е што на дел од медиумите воопшто не им беа одобрени акредитации за да го проследат чествувањето на роденденот на Гоце Делчев. Никој не објаснува без основа на кои критериуми била направена селекцијата.

Новинарските здуженија со остри реакции на односот на власта.

Укажуваме дека административни службеници немаат овластувања да комуницираат со новинари на терен, па дури и дрско да им наредуваат каде тие треба да се позиционираат и како треба да си ја вршат новинарската работата. Бараме и објаснување од кабинетот на премиерот зошто новинарите во првиот дел на одбележувањето на овој настан имаа забрана за влез во објектот на „Св. Спас”, велат од ЗНМ.

ССНМ во повеќе наврати реагирал на ваквите пропусти на владините служби во однос на новинарите особено кога се работи за настани од огромен јавен интерес, и потенцираме дека стоиме на располагање заедно со новинарите и медиумските работнинци пред ваквите високоризични настани да им помогне на службите да утврдат соодветен протокол и третман на медиумските екипи“, велат ССНМ.

Ваквиот однос на власта кон медиумите веќе станува практика. Само пред неколку дена министерот за економија им порача на новинарите дека не дошле на прес да коментираат и прашуваат, а претходно премиерот Ковчаевски и лидерот на ДУИ Али Ахмети директно ги етикетираа и нападнаа телевизиите Алфа и Телма.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста