Владата без коментар по жестоките критики од бизнисот дека се злоупотребуваат службените возила

До кога во Македонија државното ќе се користи за приватни цели?  Има ли крај на злоупотребите на службените возила? По укорувањето од првиот човек на стопанската комора за функционерите, испративме прашања до владата. Дали има расположени служббените возила да бидат обележани со посебни таблички и дали имаат план за пренамена на буџетските средства за да се стимулира бизнисот. Од Илинденска нема одговор.

Уште кога се кроеше државната каса за годинава , укажано беше дека непродутивни трошења , како дневници за патувања и за службени возила се намалуваат, но очигледно ништо од тоа.

Да се воведат посебни таблици за службените возила. Службените возила во сабота и недела ви се наоѓаат по нивите, по швалерај и не знам каде за недозволени активности. Ќе заштедите и тие пари ќе ги дадете за извоз, рече Бранко Азески.

Возењето во државно, очигледно им е поудобно. Пред три месеци јавноста беше сведок како на партиски митинг во Чаир министрите од ДУИ пристигнаа во службени возила .  На државна сметка тогаш се возеа првиот вицепремиер Артан Груби, министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за образование Јетон Шаќири . За потсетување ова беше само една недела откако со државно гориво стигнаа на промоција на книга во организаија на нивниот партиски лидер Али Ахмети .

И ова не е единствен пример . Првиот дипломат Бујар Османи во предизборието на партиските настани доаѓаше со службени автомобили . Тогаш реагираше и Антикорупциската комисија .

Владеачката партија , пред да дојде на власт во „ Планот за живот“ ветуваше дека директорите на јавните претпријатија и министрите во Владата наместо со службени возила ќе одат на работа со сопствен или јавен транспорт , но ниту во времето на поранешниот премиер Зоран Заев, а ниту сега не видовме ниту еден владин функционер да се вози во автобусите на ЈСП .

Не само што се возат луксузно, туку и јадат квалитетно, а после ручек скапо кафе . 144 илјади евра државни пари тежеше тендерот на Владата кој го склучи за набавка на еспресо, свежо пилешко месо и сувомеснати производи, овошје и зеленчук,. Конкретно, кафето кое го пијат во Владата е над 48 илјади евра , а овошјето според јавната набавка во април годинава е 34.200 евра .   Власта ова го прогласи дека не било луксуз туку дека имало многу вработени во министерствата .

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста