Високите цени ќе не натераат велигденскиот пост да трае подолго

Последни подготовки за големиот христијански празник Велигден.Оваа година велигденската трпеза со највисоки цени досега – речиси двојно поскапа од претходната година. Зелените благи пиперки се нудат по цена од 180 до 230 денари, иако загарантираната цена е 100 денари. Доматите и краставиците се продаваат по цена од 140 денари. Иако за кромидот замрзната цена е 70 денари, на тезгите цената е 90 денари. Нема намалување ниту на цената на гравот кој се продава за 180 денари.Граѓаните се жалат, цените повторно до плафон.

И месото поскапе пред Велигден.Јагнето е луксуз за овогодинешната велигденска трпеза. Цената на кило јагнешко достигна и до 550 денари.

Трговиците се правдаат на високите набавни цени, уверуваат дека работат со ситен ќар, а за граѓаните пак се ова е веќе видено . Пред секој голем празник иста песна, цени високи, квалитет просечен.

Што се однесува до останатите производи во пресрет на празниците, Табла јајца се движи од 270 до 300 денари. Од Владата кажаа дека инспекцијата ќе врши контроли, и секој кој ќе правел злоупотреби ќе плати казна. Оние кои сериозно го оштетија државниот буџет беа увозниците на овошје и зеленчук кои во Царина прикажувале лажни фактури за дебело да профитираат.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста